Дескоска: Очигледна е намерата да се опструира носењето на Законот за ЈО, јас и пратениците од СДСМ нема да се јавуваме за збор


– Очигледна е намерата на некои политички партии да го #опструираат процесот на носење на Законот за јавно #обвинителство. Очигледно е дека дел од стратегијата на ВМРО-ДПМНЕ е меѓу другото триесеттина од нив да се јават за реплики на мојот говор и тоа би значело дополнителни 2,5 до три часа со реплики и контрареплики. Затоа одлучивме ниту јас, ниту другите пријавени пратеници од СДСМ и коалицијата да не се јавуваме за збор, со што заштедуваме најмалку осум часа дебата по нашите говори, објави министерката за правда Рената Дескоска на својот Фејсбук профил.

Во објавата таа додава дека координаторот на ВМРО-ДПМНЕ, самиот од говорницата свесно или несвесно признал дека најмалку месец дена веќе го објаснувам и бранам законот во јавност.

-Значи, на сите им е јасно кои се последиците од овој закон, а најмногу на осомничените и обвинетите за криминал и корупција, па затоа е #паниката и ваквите бурни реакции на одредени политички партии. Кога не им успеа планот да го “трошат” времето со реплики на мојот говор и говорот на пратениците на власта, пробуваат да “купат” време со еден час пауза, наведува Дескоска на Фејсбук.


Нови 29 позитивни на КОВИД-19 од 349 тестирања во изминатите 24 часа - МИА
Вести

Нови 141 случај со Ковид-19, двајца починати, 175 оздравени пациенти

Скопје, 13 август 2020 () – Во последните 24 часа се направени 1.848 тестирања, а регистрирани се 141 нови случаи со Ковид-19 во: Скопје-48, Куманово-21, Дебар-2, Штип-15, Прилеп-1, Струга-1, Битола-7, Кавадарци-9, Гостивар-4, Гевгелија-1, Струмица-4, Кочани-4, […]

Вести

Џафери доби внук, денеска нема продолжение на конститутивната седница

Скопје, 13 август 2020 () – Во Собранието денеска нема да се одржи продолжението на конститутивната седница на новиот парламентарен состав што вчера ја најави претседавачот Талат Џафери. Од Кабинетот на претседателот на Собранието информираат […]

Собранието конституирано, претседателот на десетиот состав ќе се избере кога ќе се создават услови - МИА
Вести

Неизвесно денешното продолжение на конститутивната седница на Собранието

Скопје, 13 август 2020 () – Неизвесно е одржувањето на денешната седница на Собранието што вчера ја најави претседавачот на новиот парламентарен состав Талат Џафери. Од собраниските служби засега нема никакво официјално соопштение, а седницата […]