Демократски сојуз: Нарушување на екосистемот е злосторство против природата и човештвото

Демократски-сојуз-Нарушување-на-екосистемот-е-злосторство-против-природата-и.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Демократскиот сојуз ги поддржува граѓаните од Гевгелија кои протестираат против изградбата на мали хидроцентрали на една од најубавите и најчисти реки во Македонија, реката Дошница на Кожуф.


Со изградбата на хидроцентралите сериозно ќе се загрози биодиверзитетот.

Сите експерти се изјаснија дека со малите хидроцентали целосно се уништува растителниот и животинскиот свет, се загрозува природниот тек на реката, крајречната вегетација, се прави ерозија на екосистемот.

Тоа е злосторство против природата и човештвото, велат од Демократски сојуз и додаваат дека Владата треба да ги послуша граѓаните и да ја запре постапката за изградба на ваков вид хидроцентрали насекаде во Македонија.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK