Демант на министерката за финансии Нина Ангеловска за вестите поврзани со „Еуростандард банка“



МФ: Имаме најголема реализација на препораките за економски реформи од ЕУ од земјите во регионот - МИА

– Министерката за финансии Нина Ангеловска најостро ги демантира лажните вести дека подигнала штеден депозит од Еуростандард банка, по добиена информација дека банката ќе ја изгуби лиценцата за работење.

Сите промени на имотната состојба на министерката се уредно пријавени во анкетниот  лист и ги охрабруваме новинарите-истражувачи да ги погледнат датумите на пријавените промени. Потенцираме – промените се направени пред подолг период и јасно може да се увиди дека немаат никаква поврзаност со денешната објава на Народната банка.

Во повеќе наврати беа пласирани лажни вести во обид да го нарушат угледот и репутацијата на министерката за финансии. Очекуваме дека медиумите кои се информатор на граѓаните и кои носат одговорност во вакви ситуации кога пласирале непроверена и неточна информација ќе делуваат навремено и истата ќе ја повлечат, а воедно ги охрабруваме слободно да ги проверат информациите од Државната комисија за спречување на корупција (ДКСК).  


Вести

Бројот на новозаболени од КОВИД-19 не се намалува, надлежните апелираат на почитување на мерките

– Во текот на минатата недела бројката на нови случаи на КОВИД-19 се движеше околу десет проценти од тестираните и во најголем дел на дневно ниво таа беше трицифрена, со исклучок на вторникот кога од […]

Во Прилеп ситуацијата со КОВИД-19 сериозна, неопходна е монтажната болница - МИА
Вести

Нови 143 случаи на коронавирус, 110 оздравени и девет починати лица

 – Во изминатите 24 часа од направени 1504 тестрирања, регистрирани се нови 143 случаи на коронавирус. Во истиот период регистрирани се и 110 оздравени пациенти, но и девет починати лица. Министерството за здравство информира дека […]

Вести

Одбраната на „Монструм” ќе поднесе крвична пријава против вештакот Снежана Николовска

– Одбраната на обвинетите во случајот „Монструм” ќе поднесе кривична пријава против вештакот Снежана Николовска, заради, според нив, фалсификување на вештачењето на земјата од Смилковско Езеро и Враживир. Ова го најави адвокатот Насер Рауфи, по […]

1 Comment

  1. Pa da taa gi nema vadeno parite od bankata ili predhodno gi prefrlila na druga smetka ili kupila nesto a najverojatno dolzela na nekoj blizok i ete se razdolzila pa toj gi podignal.ne utepaa od vakvi finti.

Вашиот коментар

Твојата е-маил адреса нема да биде објавена.


*