Делегации на СДСМ ќе го одбележат 2 Август – Денот на Републиката



СДСМ смета дека митинзи за време на кампањата не треба да има и нема да организира таков тип собири - МИА

– Во чест на големиот државен празник, 2 август – Ден на Републиката, делегации на СДСМ денеска, ќе положат цвеќе и ќе оддадаат почит на загинатите борци на неколку локации.
Како што соопштуваат од Центарот со комуникации со јавноста на СДСМ, во Пелинце, пред Меморијалниот центар АСНОМ, во 11.00 часот, во рамки на државното одбележување на празникот, почит ќе оддаде и ќе положи свежо цвеќе делегација на СДСМ предводена од генералниот секретар Љупчо Николовски, Сања Лукаревска, членка на Централниот одбор на СДСМ и Мартин Костовски од ОО СДСМ – Куманово.

Во Крушево, во рамки на државното одбележување на празникот, делегација на СДСМ предводена од организациониот секретар на СДСМ Душко Весковски, придружуван од Оливера Чавкар, членка на ЦО на СДСМ и Трајче Калевски ќе положат свежо цвеќе во 10.30 часот пред гробот на Никола Карев и пред споменикот на Слива „На хероите на Слива“ и во 11.45 часот пред споменикот на Мечкин Камен.

Во Скопје, делегација на СДСМ во состав од поптртседателот Коста Петров и Марија Георгеивска, претседателка на ОО СДСМ Карпош во 9.15 часот ќе положи свежо цвеќе пред споменикот на Никола Карев и споменикот на АСНОМ во парк Жена борец, а во 9.35 пред споменикот на Методија Андонов – Ченто.

Во Смилево, делегација на СДСМ во состав Соња Карапец, претседавач на ЦО на СДСМ и Васко Талевски, во 09.00 часот, ќе положат свежо цвеќе и ќе оддадат почит на три спомен обележја: Mогила на Даме Груев – обелиск, споменик на Смилевските илинденци и спомен плоча на Партизанскиот одред “Даме Груев”.


Вести

Дневен преглед на состојбата со Ковид-19 во светот

Според последните податоци, досега во светот 33.951.767 лица биле заразени со новиот коронавирус. Како резултат на Ковид-19, починале 1.014.644 пациенти, а се опоравиле 25.217.358 лица. Во последните 24 часа во Германија се регистрирани 1.798 нови […]

Вести

Објавени распореди на часовите за наставата на МРТ

Учениците кои немаат ИТ-уреди за да следат онлајн-настава преку платформата, часови ќе  гледаат на Македонската радио-телевизија на која секој ден ќе бидат прикажувани 15-минутни видеа за секој наставен час. Часовите ќе почнуваат во 8.30 часот […]

Вести

Регистрирани 194 новозаразени, починаа 2 лица

Во последните 24 часа се направени 1697 тестирања, а регистрирани се 194 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-77, Куманово-9, Дебар-3, Штип-5, Прилеп-11, Тетово-16, Струга-3, Велес-5, Битола-6, Охрид-2, Кавадарци-3, Гостивар-5, Гевгелија-1, Струмица-9, Крива Паланка-3, Радовиш-6, Кочани-10, […]

Биди првиот кој ќе коментира

Вашиот коментар

Твојата е-маил адреса нема да биде објавена.


*