Деjвид Гер номиниран за нов шеф на делегацијата на ЕУ на местото на Жбогар


Деjвид Гер номиниран за нов шеф на делегацијата на ЕУ на местото на Жбогар - МИА

Скопје, 16 јуни 2020 () – Високиот претставник на ЕУ за надворешна и безбедносна политика и потпретседател на Европската комисија Жосеп Борел денеска го номинираше Дејвид Гер за нов шеф на делегацијата на Европската Унија во Северна Македонија, кој треба да дојде на местото на досегашниот евроамбасадор Самуел Жбогар.

Гер во моментот е на чело на Секторот за политика за санкции во ЕЕАС.

Жбогар ја извршува функцијата евроамбасадор во земјава од 1 септември 2016 година, а дојде на местото на тогашниот шеф на делегацијата Аиво Орав.

Борел меѓу останатите назначувања за евроамбасадори во регионот ги номинираше и Томаш Сунјог за шеф на делегацијата на ЕУ во Косово, Оана Кристина Попа за евроамбасадор во Црна Гора, како и Николаус Мејер Ландрут за шеф на делегација на ЕУ во Турција. нд/

 


Нови 141 случаи со КОВИД-19, оздравени 161 и еден починат пациент - МИА
Вести

Нови 141 случаи со КОВИД-19, оздравени 161 и еден починат пациент

Скопје, 11 август 2020 () – Министерството за здравство денеска регистрира 141 нови случаи на КОВИД-19 од направени 1.885 тестирања, како и 161 оздравени и еден починат пациент. Во последните 24 часа, како што соопшти […]

Активни 3327 случаи со Ковид-19, апел да се почитуваат мерките без исклучок - МИА
Вести

Активни 3327 случаи со Ковид-19, апел да се почитуваат мерките без исклучок

Скопје, 11 август 2020 () – Во последните неколку недели во земјава се бележат трицифрени бројки на заразени од Ковид-19. И покрај мерките за носење маска и држење дистанца, како и воведените протоколи, епидемијата не […]

Вести

Партиите се уште без договор за ново парламентарно мнозинство и влада

Скопје, 11 август 2020 () – Лидерите на СДСМ и ДУИ, Зоран Заев и Али Ахмети, на вчерашната средба не постигнаа договор околу формирањето на нова влада, сепак, како што истакнаа, разговорите ќе се продолжат […]

Биди првиот кој ќе коментира

Вашиот коментар

Твојата е-маил адреса нема да биде објавена.


*