Дебата за спроведувањето на новиот Закон за слободен пристап до информациите од јавен карактер


– Центарот за граѓански комуникации денеска организира Дебата за спроведувањето на новиот Закон за слободен пристап до информациите од јавен карактер.


 

Дебатата се организира по повод една година од примената на Законот со цел да се дискутира за првичните искуства од неговата примена, да се укаже на недоследностите и да се извлечат препораки за унапредување на примената во иднина.

Заради преземање соодветни мерки за заштита од КОВИД-19, само говорниците на дебатата ќе бидат со физичко присуство во х. Мериот, додека останатите учесници ќе бидат вклучени онлајн преку платформата Zoom.