Дебата за ефектите од реформата на персонален данок на доход


Дебата за ефектите од реформата на персоналниот данок на доход, ќе се одржи денеска во Скопје, во организација на Асоцијацијата „Зенит“, со учество на претставници од  Управата за јавни приходи, Министерството за труд и социјална политика, Народниот правобранител, експерти за даночна политика, како и претставници на граѓанското општество.

На настанот ќе се претстават резултати на спроведена анкета со граѓани, ќе се направи осврт на степенот на остварување на зацртаните цели на реформата, предизвиците што ги наметна за дел од граѓаните и деловните субјекти и ќе се посочат аспекти на даночниот модел за кои би требало да се размисли за промена, во насока на подобрување на праведноста на оданочувањето.

Дебатата е дел од проектот „Кон поправедна и поодржлива даночна политика“ е поддржан од Европската унија преку регионалната иницијатива „Граѓанските организации  како еднакви партнери во мониторирање на јавните финансии“.

Вести

Армијата на Република Северна Македонија го одбележува 27-от роденден

– Во Армискиот центар за обука на вода во Охрид, денеска, ќе се одржи централната свеченост по повод 18 Август – Денот на Армијата на Република Северна Македонија. На свечената церемонија на 27-от роденден на […]

Балкан

Шпански туристи тероризирани од сопственик на ресторан кај Химара (ВИДЕО)

Албанската телевизија „Репорт“ објави екслузивно видео снимено од шпански турсти, кога сопственик на угостителски објект во Порто Палермо, кај Химара, се качил на хаубата на нивното комбе во движење и се обидел да се пресмета […]

Вести

Пациентот со западнонилска треска на Инфективната клиника и натаму во тешка состојба

Шеесет и шестгодишниот пациент заразен со западнонилска треска, кој е хоспитализиран на Клиниката за инфективни болести во Скопје се уште е во тешка здравствена состојба со манифестација на централниот нервен систем, изјави за МИА директорката […]