Дебата „Транспарентен избор и ефективно функционирање на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација“


– Дебата на тема „Транспарентен избор и ефективно функционирање на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација“ ќе се одржи денеска во Скопје во организација на Здружението за еманципација, солидарност и еднаквост на жените – ЕСЕ


 

-Дебатата се организира со цел актуелизирање на потребата за спроведување транспарентна
постапка за избор на независни и стручни членови на комисијата, како основен предуслов идното
функционирање на КСЗД да се темели на промовирање еднаквост и недискриминација, како и
заштита на индивидуалните права на дискриминираните и ранливи групи граѓани, информираат од Здружението ЕСЕ.

Најавено е учество на Стојан Мишев од Здружението ЕСЕ и Драгана Дрндаревска од Мрежата за
заштита од дискриминација.

Проектот е поддржан од Европската Унија.