Дафина Стојаноска: Од Македонија треба замине оваа власт, а младите да останат


Дафина Стојаноска: Од Македонија треба замине оваа власт, а младите да останат - МИА

Гостивар, 25 јуни 2020 () – Младите заминуваат од Македонија, разочарани од ветувањето за живот дома, и тие не сакаат да живеат во земја во која неправдата е закон, а криминалот е единствен начин за успех, порача од Гостивар Дафина Стојаноска носител на листата на коалицијата „Обнова на Македонија“ во ИЕ 6.



Во обраќањето Стојаноска се осврна на предизвиците кои ги засегаат родителите и пред сé младите кои, како што рече, се исселуваат во голем број.

– За жал, сведоци сме како нашите млади секојдневно си заминуваат далеку од Македонија, барајќи подобар живот. Заминуваат, разочарани од ветувањето за живот дома, ветување кое се претвори во една голема лага. На тој список од млади луѓе кои си одат има секакви имиња: Александар, Аднан, Мухарем, Стефан… Сите овие млади луѓе кои си заминуваат имаат едно заедничко нешто: не сакаат да живеат во земја во која неправдата е закон, а криминалот е единствен начин за успех. Мораме и должни сме, како родители и политичари, ова да го измениме. Младите не смеат да заминат од Македонија. Од Македонија треба да замине оваа власт, рече Стојаноска.

Таа меѓу другото нагласи дека Македонија мора да се обнови, а обновата треба да започне од и со младите. Носителката на листата на коалицијата „Обнова на Македонија“ за 6-та ИЕ ги повика младите гостиварци на масовна излезност и да го закоружат бројот 14 од гласачкото ливче. з. г. м./цр


Вести

Состојбата со Ковид-19 под контрола, здравствениот систем се подготовува за вакцинација

Бројот на заболени од Ковид-19 минатата недела е намален за 9,9 отсто, а се зголеми бројот на оздравените. Надлежните сметаат дека состојбата е под контрола, а здравствениот систем веќе почна со подготовките за вакцинација против […]

Вести

Гоце Делчев, средновековниот и раноосманлискиот период – теми на онлајн средбата на македонските и бугарските историчари

Содржината во македонските учебници по историја за средновековниот период и раноосманлискиот период ќе биде тема на 11. средба на македонско-бугарската Мешовита комисија за историски и образовни прашања, која ќе се одржи денеска и утре. На […]

Вархеји: Осумстотини милиони евра помош за Западен Балкан и Турција од ЕУ - МИА
Вести

Вархеји: Се помалку е извесно дека Скопје и Тирана годинава ќе ги почнат преговорите со ЕУ

– Се помалку е извесно дека до крајот на годинава ќе бидат усвоени преговарачките рамки и ќе почнат преговорите со Северна Макеоднија и со Албанија за членство во ЕУ, изјави еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји. […]

Биди првиот кој ќе коментира

Вашиот коментар

Твојата е-маил адреса нема да биде објавена.


*