Црногорскиот министер за внатрешни работи во посета на земјава


– Министерот за внатрешни работи на Црна Гора, Сергеј Секуловиќ денеска ќе престојува во работна посета на земјава, соопшти Министерството за внатрешни работи.



Како што се наведува во соопштението, Секуловиќ ќе има работна средба со неговиот домаќин, министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.

По средбата предвидена се изјави за медиумите на двајцата министри.