„Цивил“ ги повикува граѓаните да пријават секаков облик на кршење човекови права, лажни вести и говор на омраза


„Цивил“ со барање да се укинат сите привилегии на функционерите - МИА

Скопје, 14 август 2020 () – Здружението на граѓани ЦИВИЛ кое, како што наведува, во својата долгогодишна работа максимално се залага за човековите права и слободи, и ги опфаќа речиси сите аспекти на општествените и политичките појави и текови во земјата, ги повикува граѓанките и граѓаните да пријавуваат случаи на различни облици на кршење на човековите права и слободи, лажни вести и говор на омраза, како и низа други негативни појави, политики и практики.



На сајтот на Здружението е објавен формулар во којшто ќе може да се пријават сите горенаведени облици на кршење на човековите права и слободи, лажни вести и говор на омраза, како и низа други негативни појави, политики и практики.-ЦИВИЛ со особено внимание ќе ги разгледа сите пријави за случаи на дискриминација, закани и притисоци, политички, етнички, верски или родово мотивирано насилство, пречекорување на службените овластувања, корупција, лажни вести и говор на омразата.Тимот на ЦИВИЛ и Редакцијата ЦИВИЛ МЕДИА ќе ги разгледаат сите пријави и ќе преземат активности што се во рамките на можностите и мандатот на Организацијата. Вашите податоци не се објавуваат јавно освен ако вие тоа не го побарате, велат од ЦИВИЛ.

 


Вести

Русинот Радик Тагиров, осомничен за убиство на 26 жени, ги призна злосторствата

Радик Тагиров, 38-годишниот жител на рускиот град Казан, кој денеска беше осомничен за убиството на 26 постари жени во 12 региони од земјата, ги призна своите злосторства, а снимката со неговото признание ја објави руското […]

Вести

Владата го именува Владо Бучковски за специјален претставник за Бугарија

Владата на денешната седница го именува Владо Бучковски за специјален претставник за Бугарија, потврди за МИА владиниот портпарол Душко Арсовски. Бучковски е универзитетски професор и поранешен премиер и министер за одбрана.

Вести

Владата ќе побара од Собранието нови шест месеци кризна состојба

Владата на денешната седница го прифати предлогот на Групата за процена во ЦУК да биде побарано продолжување на кризната состојба во државата за уште шест месеци, потврдија за МИА од владината прес-служба. Предлогот ќе биде […]

Биди првиот кој ќе коментира

Вашиот коментар

Твојата е-маил адреса нема да биде објавена.


*