Чулев ги посети ЕБР и Полициското одделение во Сарај


Чулев ги посети ЕБР и Полициското одделение во Сарај - МИА

Скопје, 13 јули 2020 () – Министерот за внатрешни работи Наќе Чулев денеска ја посети Единицата за брзо распоредување (ЕБР) и Полициското одделение во Сарај. Во фокусот на разговорите, како што соопшти МВР, било обезбедувањето на мирни, фер и демократски избори.



Чулев истакнал дека полициските службеници треба да бидат на висина на задачата и да го дадат својот максимум во спречување на евентуални изборни нерегуларности. Ги повикал полициските службеници да постапуваат исклучиво во согласност со законите.

– Тоа постапување во согласност со законите е исклучително важно во еден ваков сериозен процес како што се парламентарните избори, кои треба да ја покажат зрелоста и демократскиот капацитет на државата, но и на сите политички чинители во неа. Фер и демократски парламентарни избори се крајниот резултат која треба да произлезе од техничката влада која функционираше во изминатите неколку месеци и сите ние имаме обврска да дадеме придонес изборите да се одржат согласно европските стандарди, нагласил Чулев.


Вархеји сака гаранции дека изборите ќе бидат фер - МИА
Вести

„Политико“: Вархеји и ЕПП се премногу меки кон Софија за блокадата на Скопје

– Еврокомесарот за добрососдество и проширување Оливер Вархеји е премногу мек кон Софија во однос на блокадата на Северна Македонија, пишува „Политико“ во својата анализа за работата на комесарите во изминатава година. Како најлош момент […]

Вести

Состојбата со Ковид-19 под контрола, здравствениот систем се подготовува за вакцинација

Бројот на заболени од Ковид-19 минатата недела е намален за 9,9 отсто, а се зголеми бројот на оздравените. Надлежните сметаат дека состојбата е под контрола, а здравствениот систем веќе почна со подготовките за вакцинација против […]

Вести

Гоце Делчев, средновековниот и раноосманлискиот период – теми на онлајн средбата на македонските и бугарските историчари

Содржината во македонските учебници по историја за средновековниот период и раноосманлискиот период ќе биде тема на 11. средба на македонско-бугарската Мешовита комисија за историски и образовни прашања, која ќе се одржи денеска и утре. На […]

Биди првиот кој ќе коментира

Вашиот коментар

Твојата е-маил адреса нема да биде објавена.


*