Четворицата пратеници на БЕСА од денеска независни, но остануваат во коалицијата „Можеме“


Седница на Собранието, на дневен ред измените на законите за основно и за средно образование - МИА

Скопје, 21 септември 2020 () – Пратениците од БЕСА кои во Собранието влегоа преку листите на СДСМ денеска преку допис го известиле собранискиот претседател Талат Џафери дека дека ќе дејствуваат во рамки на коалицијата „Можеме“ со СДСМ, но како независни.

Тие, како што потврдуваат од Кабинетот на Џафери за , го информирале претседателот на Собранието, дека со ова нема да се промени ништо во функционирањето на Коалицијата, туку само сакаат да се водат како независни пратеници од партијата БЕСА.

БЕСА, бидејќи има само четворица пратеници, не може да формира пратеничка група и затоа овие пратеници ќе се водат како независни.

Минатата недела до собранискиот спикер Талат Џафери стигнаа известувања за формирање четири пратенички групи и тоа на коалицијата „Можеме“ предводена од СДСМ и Беса, од ДУИ, од коалицијата „Обнова за Македонија“ предводена од ВМРО ДПМНЕ и од коалицијата Алијанса и Алтернатива за Албанците.

За да се формира пратеничка група според собранискиот деловник потребни се најмалку пет пратеници. Координаторите на пратеничките групи учествуваат на состаноците кај собранискииот спикер за текот на седниците и точките на дневен ред.

 


Вести

За два месеца Москва ќе започне масовна вакцинација против Ковид-19

Во главниот и најголем град на Русија, каде што е регистрирана најголема стапка на ширење на Ковид-19 во земјата, за два месеца ќе започне масовна вакцинација против болеста, изјави градоначалникот на Москва, Сергеј Собјанин. – […]

Вести

Јованова-Грујовска: Проблемот е измислен, македонскиот јазик е реалност и таа тема е за нас завршена

– Македонскиот јазик е реалност, уставна категорија и тука нема дискусија. Нема потреба да си го губиме нашето време и нашата енергија како научници да објаснуваме нешто што светската лингвистика веќе го прифатила. Македонскиот јазик е […]

Анализата за екстра лесното готова, содржи три мерки што треба да се преземат како сет - МИА
Бизнис и економија

Бензините поевтинуваат за половина денар, цената на дизелот иста

– Бензините од ноќеска на полноќ поевтинуваат за половина денар по литар, а цената на дизелот останува иста, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ). Со одлуката се врши намалување на малопродажните цени на нафтените […]

Биди првиот кој ќе коментира

Вашиот коментар

Твојата е-маил адреса нема да биде објавена.


*