Бошкоски: Храброста на политичарите да ја кажат вистината е прогресивен и потребен чекор во македонската политика


– Храброста на политичарите да ја кажат вистината е прогресивен и потребен чекор во македонската политика, порачува лидерот на Обединети за Македонија Љубе Бошкоски на својот фејсбук профил.



-Демократијата бара различни мислења, ставови како и дебати на битни теми. Но, неминовна и ноторна потреба е да се реши една работа која со децении се пролонгира (проблем кој го влечат повеќето екс-ју републики). Да се отворат архивите на УДБА и да се види кој кодошлел на Белград. Можеби, тие што сега најмнногу креваат врева ќе се најдат на списоците…, порачува Бошкоски на ФБ.