Борел до Димитров: Бидете уверени во мојата посветеност на интеграцијата на С. Македонија во ЕУ


– Со нетрпение го очекувам усвојувањето на Преговарачката рамка и одржувањето на првата Меѓувладина конференција и бидете уверени во мојата лична посветеност на интеграцијата на Северна Македонија во ЕУ, наведува високиот претставник на Унијата за надворешни работи и безбедносна политика Жосеп Борел во писмо до вицепремиерот задолжен за европски интеграции Никола Димитров.

Честитајќи му на именувањето на новата должност, Борел во писмото му изразува искрена благодарност на Димитров за неговите „конзистентни напори и посветеност во приближувањето на Северна Македонија кон ЕУ“.

– Вашата улога во успешните преговори, потпишувањето и ратификувањето на Преспанскиот договор, кој служи како пример за помирување во цела Европа, ќе остане траен дел од вашето наследство како министер за надворешни работи, додава Борел.

Тој натаму во писмото истакнува дека со нетрпение очекува заедно со Димитров да работат на следните чекори на земјава на патот кон ЕУ, на спроведувањето на европската реформска агенда, како и на дополнително зајакнување на добрососедските односи.

– Западниот Балкан е дел од Европа и знам дека ја споделувате мојата решителност да ја видам Северна Македонија, како и регионот во целина, како напредува во остварувањето на европската перспектива, истакнува Борел на крајот во писмото до Димитров.


Вести

Нови 641 случаи на Ковид-19, починале 12 лица, оздравени 233

Во последните 24 часа се направени 2688 тестирања, а регистрирани се 641 нови случаи на Ковид-19,12 лица починале, а 233 оздравеле, соопшти Министерството за здравство. Од новите случаи во: Скопје има 325, Куманово-26, Дебар-1,Штип-25, Прилеп-38, […]

Вести

Вкупните воени расходи на земјите од НАТО во 2020 година ќе изнесува 1.092,5 милијарди долари

Вкупните воени расходи на земјите од НАТО во 2020 година ќе изнесува 1.092,5 милијарди долари, што е за 61 милијарда долари повеќе отколку во 2019 година, се вели во статистичкиот извештај за воените трошоци на […]

Вести

Младите сакаат да се иселат, не се спроведува националната стратегија за спречување на одливот на мозоци 

– Не е само подобрата работа и парите причина за иселување на младите од државата. Трендовите за напуштање во последните години се и од неекономски причини – им пречи загадувањето, политиката, корупцијата, а во време […]

Биди првиот кој ќе коментира

Вашиот коментар

Твојата е-маил адреса нема да биде објавена.


*