Бочварски: Ја унапредуваме регионалната поврзаност во инфраструктурата


Бочварски: Ја унапредуваме регионалната поврзаност во инфраструктурата - МИА

Скопје, 22 септеври 2020 () – Министерот за транспорт и врски Благој Бочварски денеска оствари средба со директорот на Секретаријатот на Транспортната заедница, Матеј Закоњшек со кого  разговарале за примената на Договорот за транспортна заедница кој е во согласност со започнатиот процес на интеграција на нашата држава во европските структури.

Министерот Благој Бочварски го потенцирал значењето на реализација на проектите во делот на патната и железничката инфраструктура на Коридор 8 и 10 како дел од Панверопските коридори.

-На средбата отворивме и дел од прашањата за поголема соработка и поврзаност со земјите од регионот. Верувам дека Договорот за основање на транспортна заедница на подолг рок, ќе придонесе за подобрена ефикасност, пониски трошоци и подобар квалитет на услугите за корисниците на транспортот, преку отворање на пазарите и зајакнување на конкуренцијата. Се надевам дека преку спроведувањето на Договорот за транспортна заедница целосно ќе се интегрира регионот во Европската транспортна фамилија и ќе ја надополни политиката на проширување на заедницата, изјави Бочварски.

Како што соопшти Министерството за транспорт и врски, Бочварски изразил благодарност за континуираната поддршка за ероинтеграцискити процеси на Република Северна Македонија.


Вести

Регистрирани нови 1085 случаи на Ковид-19, починале 12 лица

Во последните 24 часа се направени 3294 тестирања, а регистрирани се 1085 нови случаи на ковид-19, починале 12 лица, а оздравеле 283 лица, соопшти вечерва Министерството за здравство. Од новодијагностицираните случаи најмногу има во: Скопје-447, […]

Вести

Официјално Македонија со нов рекорд, 1085 новозаразени од Ковид

Ковид состојба 31.10.2020 Новозаразени: 1085 Тестирани: 3294 Оздравени: 283 Починати: 12 Вкупно дијагностицирани: 31572 Вкупно оздравени: 20731 Вкупно починати: 994 Активни случаи: 9847   Ковид состојба 31.10.2020 Новозаразени: 1085 Тестирани: 3294 Оздравени: 283 Починати: 12 […]

Вести

Од вторник во Австрија „локдаун“ и полициски час

Австриската Влада вечерва одлучи да спроведе „заклучување“ по вторпат оваа година, поради драматичната епидемиолошка состојба, од вторник, 3 ноември, со полициски час од 20 до 6 часот наутро. Австрискиот канцелар Себастијан Курц на прес-конференција рече […]

Биди првиот кој ќе коментира

Вашиот коментар

Твојата е-маил адреса нема да биде објавена.


*