Бочварски денес им порача на граѓаните да не патуваат воопшто ако немаат пари, утре може ќе им порача ако немате за леб, копајте во контејнери


Реакција од ВМРО-ДПМНЕ на изјавата на Мила Царовска - МИА

Неспособниот министер за транспорт и врски Благој Бочварски денес го навреди сопствениот народ. Тој без срам им порача на граѓаните доколку им е скапо да патуваат и да плаќаат патарини на новиот автопат Скопје – Штип нека одат по локални патишта!



Ова е бесрамното однесување на власта на Заев опиена од богатството и луксузот во кој живеат. Дури Заев јаде со златни лажици на народот му порачуваат доколку нема пари, да седи дома и да не патува никаде. По оваа логика на Бочварски, власта на сиромашните граѓани им праќа порака, ако немате за леб, копајте во контејнери или умрете.

Дно.

Власта е таа која треба да ги решава проблемите на граѓаните и да го слуша нивниот глас. Ваквото арогантно и надмено однесување на Бочварски уште еднаш покажува за каква ненародна влада води Заев која е тотално одлепена од реалноста.