Бектеши во тридневна работна посета на Брисел


Бектеши: Досега над 19.000 компании поднесоа барања за финансиска поддршка за исплата на платите за април и мај - МИА

– Министерот за економија Крешник Бектеши од денеска до четврток ќе престојува во работна посета на Брисел.


 

Во рамки на посетата, Бектеши ќе оствари средби со потпретседателот на Европската комисија, Владис Домбровскис, со комесарот за економија Паоло Џентилони, како и со Емир Ѓикиќ, директор на Секретаријатот на ЦЕФТА и со амбасадорите на земјите членки на оваа Асоцијација.

Во текот на посетата, како што соопшти Министерството за економија, ќе се дискутира за реформите во областа на трговијата, проширување на Зелените коридори и Зелените ленти на премините со ЕУ, Економски и инвестициски план за Западен Балкан, како и за претседателството на Северна Македонија со ЦЕФТА оваа година.