Бектеши и Деспотовски во посета на Брисел каде ќе биде потпишан договор за нова инвестиција

bekteshi_35435353534
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

– Министерот за економија Крешник Бектеши заедно со директорот на Дирекцијата на технолошко-индустриските развојни зони Јован Деспотовски од денеска до вторник престојуваат во Брисел каде ќе биде потпишан договор за нова инвестиција.

Посетата на Бектеши и Деспотовски е во рамки на официјалната посета на претседателот на државата Стево Пендаровски на Белгија.


Во рамки на економскиот дел од посетата, како што јави известувачот на МИА, предвидено е да се одржат и бизнис форуми на кои пред белгиски компании, кои се дел од стопанските комори на Брисел и Антверпен, ќе бидат презентирани можностите што ги нуди Северна Македонија на странските инвеститори.

Како дел од посетата, за денеска е предвидена средба со претставници на македонската дијаспора во Белгија.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK