АВМУ со осуда за заканите кон новинарска екипа на ТВ Клан


Архивата на АВМУ од утре ќе рабити од девет до 14 часот - МИА

Скопје, 29 мај 2020 () – Агенцијата за аудио и аудиовиозуелни медиумски услуги (АВМУ) ги осудува заканите што вчера беа упатени кон новинарската екипа на ТВ Клан во Кумановско и потсетува дека ваквите појави претставуваат загрозување на слободата на информирање.

Агенцијата, стои во соопштението, во повеќе наврати досега реагираше дека безбедноста на медиумските работници во ниту еден момент не смее да биде загрозена. Токму затоа, подвлекуваат од АВМУ, треба да се вложат максимални напори за да се креираат услови за медиумите професионално да си ја вршат работата, ослободени од закани и притисоци.

– Имајќи предвид дека само слободните медиуми водат кон унапредување на демократските процеси, апелираме да се остават новинарите непречено и достоинствено да ја вршат нивната општествено одговорна професија, се посочува во соопштението од Агенцијата за аудио и адуиовизуелни медиумски услуги.


Потврдени 103 нови случаи со Ковид-19, починати пет, оздравени 13 пациенти - МИА
Вести

Регистрирани 115 нови случаи на КОВИД-19 и седум починати

Скопје, 5 јули 2020 () – Во последните 24 часа се направени 1032 тестирања, а регистрирани се 115 нови случаи на Ковид-19, во Скопје-53, Куманово-4, Дебар-6, Штип-3, Прилеп-6, Тетово-8, Струга-13, Велес-1, Охрид-8, Гостивар-5, Пробиштип-1, Свети […]

Вести

Продолжува претставувањето на изборните понуди на партиите пред граѓаните

Скопје, 5 јули 2020 () – Предизборната кампања на партиите за предвремените парламентарни избори кои треба да се одржат на 15 јули е на средина. Тие своите изборни програми и денеска ќе ги претстават на […]

Почнуваат координации со соседните земји околу регионален пристап за справување со коронавирусот - МИА
Вести

Вкупно 3611 активни случаи со КОВИД-19, најмногу во скопски Чаир

Скопје, 5 јули 2020 () – Бројот на заразени со КОВИД-19 вчера се зголеми за 147, а со тоа вкупниот број активни случаи во земјава изнесува 3611. Новозаразените се од Скопје-64, Куманово-8, Штип-6, Прилеп-3, Тетово-16, […]