АВМУ: Осуда на нападот на новинарот Љупчо Златев


АВМУ: Да се вложат максимални напори за заштита и безбедност на медиумските работници - МИА

24 јули 2020 



-реакција на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги на нападот на новинарот и главен уредник на порталот Економски лидер, Љупчо Златев:

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги најостри го осудува вчерашниот напад на новинарот и главен уредник на поратлот Економски Лидер, Љупчо Златев.

Нападите врз новинарите претставуваат загрозување на слободата на медиумите и на слободата на информирање. Секој вид на притисок води кон уназадување на демократските процеси и е спротивно на европските вредности, кон кои се стремиме.

Агенцијата во повеќе наврати апелираше дека безбедноста на медиумските работници мора да биде загарантирана, затоа што само така ќе можат непречено да ја вршат нивната општествено одговорна професија.

АГЕНЦИЈА ЗА АУДИО И АУДИОВИЗУЕЛНИ МЕДИУМСКИ УСЛУГИ

– овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.