Арсовски: Николовски молчи за работењето на Лариком – Импекс со кеш пари – Ќе има ли одговорност?


Фирмата на братот на Љупчо Николовски, Лариком – Импекс, стана синоним за енормно брзо богатење во време на власт.


 

Откако целата држава дозна дека Лариком – Импекс, шпедицијата има раст од 2100%, во дел од период кога над 6500 фирми се затворени заради неспособноста на Владата, вчера обзнанивме нов сомнителен случај за криминално работење во правен субјект, за кој нормално молчат сите, целата влада, СДСМ, вклучително и семејството Николовски.

Имено, фирмата на братот на Љупчо Николовски, која е шпедиција, работи народски кажано на црно, односно со каса-прими парагони како во деведесеттите години и зема кеш пари од клиенти. Ова е класичен начин на продуцирање сива економија и тоа не во деведесеттите години, туку во 2021 година.

На овој начин фамилијата Николовски затајува данок и прекршува неколку закони, вклучително и основниот чл.12 од Законот за регистрирање на готовински плаќања.

Јавно уште еднаш го прашуваме Николовски сам да си каже, дали фирмата на неговиот брат работи со кеш пари преку каса-прими и силата за прекршување на законите ја црпе од позицијата вицепремиер во Владата?

Какво е влијанието на Љупчо Николовски за да чувствуваат толкава храброст, моќ и сила за да спроведуваат беззаконие? Државата за функционерите на  СДСМ е мајка, а за обичниот народ маќеа. И ова кое што го истакнавме вчера не е изолиран случај, туку повеќе пати се има случено и доколку се отвори случај од страна на УЈП или Антикорупциската комисија ние ќе ги доставиме таму доказите, односно сето она коешто стигна до нас како докази и информации.

Очигледно е дека Љупчо Николовски се однесува како да е целата држава негова, заборавајќи дека и на неговите 5 минути ќе им дојде крајот и ќе мора да ги сносат последиците како и сите обични граѓани на Република Македонија кои што работат против законски,  во моментов тоа не важи за функционерите на СДСМ.