Арсовски: ФИТР стана како списание за готвење – промовира скапи рецепти


Молкот во изминативе неколку дена на СДСМ поврзан со криминалните иновации во власта е потврда дека СДСМ како и по обичај испумпува пари преку државните институции, пари кои се на граѓаните.


 

Молкот и не негирањето дека се дадени 40.000 евра за рецепта за пица, јасно е дека парите на граѓаните завршиле залудно, или во нечиј џеб.

Замислете, втор проект, цела тиквешија прави домашни слатки со маџун, познат како гроздов мед инаку во јавноста, додека пак Фондот за иновации за рецепта и производство на слатки со гроздов сируп дава 2.5 милиони денари на одредена фирма која аплицирала исто со рецепта за храна. Иновативно нема што. 40.000 евра за рецепта за пица, уште 40.000 евра за рецепта за слатки со гроздов мед.

Партиските другари на Заев и понатака земаат проекти во милионски суми во денари од државата за веќе измислени иновации кои што постојат, исто како што дадовме пример за неговиот партиски другар на Зоран Заев, одреден Миле Милановиќ од Струмица.

Поранешниот директор на ФЗО и Телеком од СДСМ Заревски, за софтвер земал над 40.000 евра.

Епа почитувани граѓани, само за овие 4 проекти каде што се дадени по 40.000 евра, можеле да се набават најмалку пет или шест амбулантни возила. Нешто што власта не го прави, нешто што власта не сака да го направи и нешто што не ѝ е јасно на власта како се прави.

Наместо да дели пари за рецепти од Фондот за иновации кој стана како списание за рецепти за храна, промовира рецепти за јадење по 40.000 евра што ги плаќа, можеше со истите тие пари да купи дали амбулантни возила, дали противпожарни возила.

Но, нејсе, очигледно поважно им е да ги земат парите на граѓаните, отколку да направат нешто добро за граѓаните.

Очигледно за да земеш проект од Фонд за иновации и СДСМ, треба да препишеш рецепта од интернет за некое јадење и можеби поважното, на некој близок од СДСМ и власта да дадеш одреден процент од сумата. И тогаш тоа е сигурната рецепта за да добиеш проект од Фондот за иновации.

Таа институција одамна не е Фонд за иновации, туку веќе е Фонд за криминални иновации.

Почна со претходниот директор на СДСМ, сега продолжува и ќе заврши, верувајте, со Коста Петров бидејќи набрзо после тоа ќе дојде нова власт која ќе побара одговорност за сѐ.

Ништо не е сменето, ништо не е поразлично од претходниот директор.

Ништо не е чудно доколку и во следниот конкурс на Фондот за криминални иновации доделат проект за измислено киндер јајце, на пример.

Да не беше трагично, ќе беше смешно.

Одговорност и ревизија за сите овие проекти, мора да има!