Апасиев: Очекувам, моите колеги-пратеници кои се кандидираа за градоначалници и не освоија доверба од граѓаните – да си поднесат ОСТАВКИ од пратеничката функција



ript>

Апасиев: Левица е оштетена за околу 10 илјади гласа, украдени ни се тројца пратеници - МИА

Очекувам, моите колеги-пратеници кои се кандидираа за градоначалници и не освоија доверба од граѓаните – да си поднесат ОСТАВКИ од пратеничката функција.


 

Оти, според хиерархискиот „Ред на честа“ (Cursus honorum), пратеничката функција е над градоначалничката!

Не можете да бидете претор, ако не исполнувате услови нуту за едил!? Кога не сте освоиле доволно гласови ниту за помалата, а љубоморно и неетички си ја чувате поголемата функција – тоа значи дека немате морален компас, а ниту легитимитет веќе да ги претставувате граѓаните.

Сте се обиделе да ја шитнете пратеничката функција која ви е доверена и не сте успеале. Ред е да си заминете од законодавниот дом. Спротивното значи дека вашите лични интереси (за државна плата и нереални патни трошоци) ги ставате пред народните. А тоа народот го гледа и не го заборава.

#РедНаЧеста