Антикорупциската комисија со иницијатива до премиерот за одговорност за етичко однесување за владини членови


 Антикорупциската комисија на денешната седница констатираше дека избраните и именуваните лица од страна на Владата, Фекми Јонузи, заменик-директор на КПУ Идризово, Абдул Селами, заменик –  директор на УЈП, Беким Реџепи, заменик-министер за транспорт и врски, Назим Буши, заменик-министер за внатрешни работи и Артан Груби, министер за политички систем и односи меѓу заедниците, постапиле спротивно од Кодексот за етичко однесување за владините членови и носителите на јавни функции именувани од страна на Влада.


 

Според ДКСК, овие лица во текот на работното време учествувале на настан на 22.09.2021 година поврзан со изградба на водоводна мрежа во скопското село Долно Количани, што бил за време на изборната кампања за Локалните избори 2021 година.

ДКСК упати иницијатива до претседателот на Владата и до лицето назначено како одговорно за следење на спроведување на Кодексот, со цел, да се поведе постапка за утврдување одговорност за овие лица.