Ангеловска: УЈП има поддршка од Министерството за финансии за интензивна дигитализација


Реализирањето на функциите на државата, преку полнењето на Буџетот е заедничка обврска на Министерството за финансии и Управата за јавни приходи – едната го обезбедува со прилагодување на регулативата, а другата оперативно. Високиот процент на реализација на буџетските приходи – над 79 проценти кај даноците и над 81 процент кај придонесите, заклучно со октомври, ја покажува одличната соработка на двете институции, што резултира со стабилни јавни финансии и развој на економијата, рече министерката за финансии Нина Ангеловска на одбележувањето на 25-годишниот јубилеј на Управата за јавни приходи и Денот на даночните работници Свети Матеј.



Современата технолошка револуција ја притиска и Даночната управа да прави брзи промени, за да може да се прилагоди на смарт и дигитално општество, во кое сме веќе влезени. Дигиталната експанзија не нѐ одминува. Управата веќе прави анализи врз основа на big data. Како човек кој верува дека технологијата може да реши многу проблеми, верувам дека со понатамошно усовршување, можеме да станеме и поефикасни и поефективни. ’Секогаш можеме и подобро’ е моето мото, за што се согласуваме со директорката на УЈП и ќе работиме на тоа со здружени сили-посочи Ангеловска.

Управата за јавни приходи интензивно се дигитализираПовеќе од 95 проценти од данокот на личен доход го администрира исплатувачот, што го олеснува работењето на УЈП, ја зголемува контролата и ослободува ресурси. Претпополнетата даночна пријава за данок на личен доход, што успешно беше воведена оваа година е значајна и од аспект на укинувањето на хартиените даночни пријавиЕколошки ефект, но истовремено и големо олеснување за компаниите ќе значи и најавеното укинување на сметкопотврдата како документ за користење на правото на одбивка на ДДВ до 6.000 денари.

-Овде сакам да најавам натамошен чекор кон електронското сметководство и придонес кон бесхартиената околина со воведување на електронската фактура. И сега постои законска можност за примена на е-фактура. Министерството за финансии веќе работи на операционализација на оваа новина. Тоа ќе биде уште еден голем предизвик пред даночната администрација, Министерството за финансии и Владата. Но, тоа е предизвик со кој вреди да се соочиме – укажа министерката за финансии.