Амбасадата на САД му ја честита победата на Пендаровски

Амбасадата на САД му ја честита победата на Стево Пендаровски за претседател на Република Северна Македонија и очекува заедничка соработка со него, со Владата и сите политички партии на патот на земјата кон идно членство во НАТО и ЕУ.

-Амбасадата на САД им честита на граѓаните на Северна Македонија кои го искористија нивното гласачко право на овогодинешните претседателски избори. Му честитаме на Стево Пендаровски за неговата победа на изборите и очекуваме да работиме заедно со него и со владата и сите политички партии на патот на земјата кон идно членство во НАТО и ЕУ.

Го поздравуваме прелиминарните заклучоци на ОБСЕ/ОДИХР дека изборите биле компетитивни и дека преку почитување на фундаменталните слободи се овозможил демократски процес. Заклучоците се совпаѓаат и со заклучокот на тимовите на Амбасадата на САД, кои ги набљудуваа двата изборни круга. Доколку има забелешки за какво било нерегуларности, ги охрабруваме граѓаните, претставниците на граѓанските организации, медиумите, без разлика на политичката припадност, да ги пријават, стои во соопштението од Амбасадата на САД


Вести

Европски избори: Различни правила од земја до земја

Секоја држава членка на Европската унија сама ги одредува правилата за изборите за Европскиот парламент. Кој кога гласа ? Британците и Холанѓаните гласаат во четврток на 23 мај, Ирците на 24 мај, Летонците, Малтежаните и […]

Вести

Нови рочишта за „Триста“, „Титаник“ и „Тарифа“ на СЈО

Во Кривичниот суд во Скопје за денеска се закажани рочишта за предметите на Специјалното јавно обвинителство „Триста“, „Титаник“ и „Тарифа“. Во „Триста“ обвинет е поранешниот помошник министер за внатрешни работи Ѓоко Поповски за злоупотреба на […]

Вести

Пробни прелети за потребите на НАТО мисијата „Air Policing“

Со два прелета во воздушниот простор на Република Северна Македонија изутринава од 7:30 до 9:30 часот ќе се изврши првиот пробен прелет за потребите на НАТО мисијата „Air Policing“ (чување на воздушниот простор). Прелетот ќе […]