АлтернАтивА: ДУИ застана зад Груевски

ALTERNATIVA-960x417-12
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Вчера јавноста имаше прилика да види уште една панична медиумска реакција на раководството на ДУИ. Многу пологичен коментар за веќе слушнатите ставови на Христијан Мицкоски е дека ВМРО-ДПМНЕ ќе може да бара партнер во Албанските партии само ако јасно, недвосмислено и на дело покаже дека навистина е за ЕУ перспективите на државата и стратешкото партнерство со САД.

Но, ДУИ свесно или несвесно и јавно застана зад поранешниот премиер Никола Груевски во чија Влада служеа 8 години. Клучната дилема е, што зорт има раководството на ДУИ чим почна јавно да се додворува на поранешни политичари кои се на црната листа на САД? Дали спасот го очекуваат од Будимпешта? Точно ли е дека ракодството на ДУИ е во редовна комуникација со Никола Груевски? Инаку, АлтернАтивА сака да им порача на ДУИ да излезат од филмот дека имаат монопол врз Албанскиот електорат.


Залуден им е стравот дека евентуална широка коалиција меѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ ќе ги однесе во опозиција. Мнозинството гласачи Албанци на следните избори кога и да се случат ќе ги испратат во опозиција заради криминалот, корупцијата и целосното одлепување од реалноста.

Ги охрабруваме да продолжат да ги ставаат интересите на Албанците во втор план заради личните интереси на неколкумина во врвот на ДУИ. Така и помагаат на Албанската опозиција секојдневно да окрупнува во борбата за вистински Европски вредности и сигурна иднина за граѓаните.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK