Албанија го поддржува дијалогот Белград-Приштина и го поттикнува спроведувањето договорите



– Албанија го поддржува продолжувањето на дијалогот меѓу Косово и Србија и го поттикнува  спроведувањето на веќе постигнатите договори во текот на овој дијалог, со посредство на ЕУ.

Ова, од Виена, каде учествуваше на неформалиот состанок на шефовите на дипломатиите на земјите од ЕУ,го порача албанскиот министер за надворешни работи и за Европа, Дитмир Бушати

Според него, многу значајно е да се поттикне продолжувањето на дијалог меѓу двајцата претседатели,Тачи и Вучиќ, иако е „многу болен и деликатен процес“, а кого го олеснуваат ЕУ и високата претставничка, Федерика Могерини“.

– Исто така е важно да се продолжи со ангажманот на двете страни и да се реализира она што е постигнато во овие процеси, посебно во сверите поврзани со енергијата, поврзаноста, меѓусебното признавање на дипломите, цените на роамингот, кои на некој начин ги држат во „заложници” не само Косово и Србија, туку целиот регион. Подеднакво важно е да се поттикне овој процес кој се надеваме дека ќе биде финализиран преку договори за взаемно признавање и задолжителни законски договори кои ќе обезбедат подемократска стабилност во целиот наш регион. Исто така многу битно е потврдувањето, преку овој процес, на главните столбови на ангажманот и начелата на евроатлантското семејство во нашиот регион, изјави Бушати на средба со новинарите.

Бушати го посочи значителниот напредок што во последно време го направи Албанија на нејзиниот пат кон членството во ЕУ,како и почетокот на „скрининг“ процесот.

-Мислам дека постигнавме значителен напредок во текот на последните неколку месеци и сега има јасен хоризонт за Албанија и за нашиот сосед (се мисли за Македонија). Постои и временско ограничување. Го започнавме процесот на скрининг кој ќе ни даде големи можности за трансформирање на нашите институции и реформи,-рече Бушати.

Тој договорот меѓу Атина и Скопје за  надминување на проблемот со името,како и дијалогот Косово-Србија ги оцени како големи настани за регионот.


„27-ми Април“ пред Апелација на 27, 28 и 29 мај - МИА
Вести

Врховен ги потврди пресудите на Апелација за Груевски, Поповски и Јанкулоска

Скопје, 18 септември 2020 () – Врховниот суд на Република Северна Македонија ги потврди пресудите на Апелациониот суд Скопје и ги одби барањата за вонредно преиспитување на правосилна пресуда, поднесени од осудените Никола Груевски, Ѓоко Поповски […]

Осум објекти од детската градинка ,,Рада Поцева“ од Кавадарци започнаа со работа - МИА
Вести

Втор случај на дете во градинка заразено со Ковид 19, Владата останува на ставот родителите да се вратат на работа

Скопје, 18 септември 2020 () – Втор случај на Ковид-19 на дете во градинка вчера беше регистриран во нашата држава. Се работи за дете од еден од клоновите на струмичката градинка „Детска радост“. Детето не […]

Судењето за организаторите на 27 април продолжува на 26 август - МИА
Вести

Продолжува судењето за организаторите на 27 април, Талат Џафери повикан како сведок

Скопје, 18 септември 2020 () – Во Основниот кривичен суд во Скопје денеска треба да продолжи судењето за организаторите на настаните од 27 април 2017 година во Собранието. На предлог на одбраната, треба да бидат […]

Биди првиот кој ќе коментира

Вашиот коментар

Твојата е-маил адреса нема да биде објавена.


*