Ахмети: Во пресрет сме на донесување големи одлуки, се уште нема договор меѓу ДУИ и СДСМ



Ахмети: Во пресрет сме на донесување големи одлуки, се уште нема договор меѓу ДУИ и СДСМ - МИА

Скопје, 13 август 2020 () – Лидерот на ДУИ Али Ахмети денеска на годишнината од потпишувањето на Охридскиот Рамковен договор ги повика лидерите на другите партии на Албанците на средба, но тие не дојдоа во скопскиот хотел Парк.

– Ги повикав албанските политички партии за да им се заблагодарам за заедничката соработка при донесувањето на Законот за јазици, уставните измени и друго. Сакав да ги слушам и нивните предлози и забелешки. Многу ми е жал што тие не дојдоа на денешната средба. Би сакал нивното недоаѓање да не го користат за политички цели. Во пресрет сме на донесување на големи одлуки, истакна Ахмети на брифинг со новинари, по што се очекуваат изјави за медиумите.

Точно дека денеска е историски ден, додаде тој потенцирајќи дека средбата е свикана со цел лидерите на партиите на Албанците да разговараат.

– Во врска со коалицирањето пред и по кампањата јас изјавував дека треба досегашните коалициони партнери да продолжат. На овие избори сите беа против ДУИ, но граѓаните одлучија ние да ги претставуваме. Изборната кампања да ја оставиме зад нас. Уште нема договор меѓу нас и СДСМ. Ако се забарикадираме не е добро за државата. Во ДУИ ќе преодвладува разумот и логиката, рече Ахмети на брифингот.

ДУИ, како што кажа, ги има поставено црвите линии, Охридскиот договор, Преспанскиот договор и Договорот за добрососедство, ветинг и премиерската позиција.

– Но, сакам од нив да слушам која е причината за неприфаќање на премиерот. Мислам дека ова прашање ќе биде разјаснето по завршување на овој процес, рече Ахмети, кој потврди дека денеска ќе има средба со лидерот на СДСМ, Зоран Заев.

Лидерите на Алијансата за Албанците и Алтернатива Зијадин Села и Африм Гаши, како и Билал Касами од Беса се изјаснија дека нема да одат на средбата, додека Мендух Тачи од ДПА не се изјасни. оџ/


Вести

Дневен преглед на состојбата со Ковид-19 во светот

Според последните податоци, досега во светот 33.951.767 лица биле заразени со новиот коронавирус. Како резултат на Ковид-19, починале 1.014.644 пациенти, а се опоравиле 25.217.358 лица. Во последните 24 часа во Германија се регистрирани 1.798 нови […]

Вести

Објавени распореди на часовите за наставата на МРТ

Учениците кои немаат ИТ-уреди за да следат онлајн-настава преку платформата, часови ќе  гледаат на Македонската радио-телевизија на која секој ден ќе бидат прикажувани 15-минутни видеа за секој наставен час. Часовите ќе почнуваат во 8.30 часот […]

Вести

Регистрирани 194 новозаразени, починаа 2 лица

Во последните 24 часа се направени 1697 тестирања, а регистрирани се 194 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-77, Куманово-9, Дебар-3, Штип-5, Прилеп-11, Тетово-16, Струга-3, Велес-5, Битола-6, Охрид-2, Кавадарци-3, Гостивар-5, Гевгелија-1, Струмица-9, Крива Паланка-3, Радовиш-6, Кочани-10, […]

4 Comments

  1. лидерот на онаа -оваа терористичка организација си поигрува со чувствата на македонците воедно и со МАКЕДОНИЈА па затоа ги замолуваме надлежните да му стават крај на ваквото самоволие на терористичко+муртинските фашистички креминалци

  2. Изјавата во превод значи : Заев го доби мандатот и никогаш нема да биде премиер!

  3. Терористите се важни је*еш македонија помочаесе на северна и продај све македонско/? ееее тоа е договорот на терористиве и бандитиве тоа се навистина големи одлуки за уништување на МАКЕДОНИЈА

Вашиот коментар

Твојата е-маил адреса нема да биде објавена.


*