Ахмети: Преговорите за формирање влада може да почнат, уште нема ништо конкретно


Ахмети: Преговорите за формирање влада може да почнат, уште нема ништо конкретно - МИА

Скопје, 4 август 2020 () – Претседателот на ДУИ Али Ахмети денеска по завршување на конститутивната седница на Собранието изјави дека преговорите за формирање нова влада може да почнат, но оти уште нема ништо конкретно.

-Денеска беше конститутирано Собраието, сега ќе видиме која ќе биде агендата и кои ќе бидат приоритетите на Собранието, така што рано е да зборуваме за очекувањата, изјави Ахмети за Алсат М.

Тој додаде дека денеска може да почнат преговорите за формирање влада, но оти уште нема  ништо конкретно.

Денеска во Собранието на Република Северна Македонија, согласно здравствените протоколи за заштита од ширење на Ковид-19, во салата со Голема купола се одржа конститутивната седница на десеттиот парламентарен состав каде присуствуаа 117 од вкупно 120 пратеници избрани на предвремените парламентарни избори одржани на 15 јули. оџ/


Вести

Се отвора нов пункт за КОВИД-тестирање, измените на Законот за заштита од заразни болести пред пратениците

Утрово, во 7:30 часот, во близина на Министерството за здравство и Институтот за јавно здравје, треба да биде отворено уште едно приемно одделение за правење КОВИД – тестови со што ќе се забрза процедурата на […]

Вести

Почнува исплатата на октомвриските пензии

Oд денеска почнува етапната исплата на октомвриските  пензии. Пензиите ќе бидат исплатени предвреме и етапно, со цел да се овозможи поголема заштита на пензионерите во услови на опасност од коронавирусот КОВИД-19. Подигнувањето на пензиите преку […]

Вести

Нови 247 случаи на КОВИД-19, оздравеле 321, починале 15 лица

Министерството за здравство соопшти дека во последните 24 часа се направени 737 тестирања, регистрирани се 247 нови случаи на КОВИД-19, оздравеле 321 пациент, а починале 15 лица, сите во болнички услови. Од новорегистрираните случаи, во […]

Биди првиот кој ќе коментира

Вашиот коментар

Твојата е-маил адреса нема да биде објавена.


*