Ахмети: Да се испочитува датумот за изборите и потоа да зборуваме за пописот


Битно е предвремените парламентарни изборите да се демократски и да победи најдобриот, изјави лидерот на ДУИ, Али Ахмети по лидерската средба што вечерва се одржа вечерва во вилата „Водно“ на иницијатива на претседателот Стево Пендаровски.

– Во детали разговаравме за најдобриот можен момент за предвремени парламентарни избори. Исто така, оценивме дека од наш заеднички интерес е да почекаме да се ратификува Протоколот за НАТО од земјите членки, коишто се уште го немаат ратификувано и исто така се договориме и нашето Собрание да го ратификува Протоколот и да го усвои Законот за одбрана. Откако ги исцрпивме сите аргументи, заеднички одлучивме да ги одржиме предвремените парламентарни избори на 12 април следната година. Битно е изборите да се демократски согласно сите стандарди и да победи најдобриот, порача Ахмети.

Во врска со одржувањето на изборите, без спроведување на пописот, Ахмети изјави дека ќе се види како тоа „ќе се изменаџира“ и кога ќе може технички да се спроведе пописот.

– Сега е значајно да се испочитува датумот за изборите и потоа да зборуваме за пописот, рече Ахмети.

Тој нагласи и дека сите партии и од власта и од опозиција ја искажале својата определба да не го загрозат европски пат на земјата.


Вести

На ТОАРИЛУЦ почина една од повредените во експлозијата во Романовце

На Клиниката за трауматологија, ортопедски болести, анестезија, реанимација и интензивно лекување и Ургентен центар (ТОАРИЛУЦ) почина 36-годишна жена, која беше една од повредените во експлозијата на плинска боца што се случи пред три дена во […]

Вести

Италија: Шест деца позитивни на новиот коронавирус

Шест деца се позитивни на новиот коронавирус, изјавија неименувани извори за италијански медиуми. Повеќето случаи доаѓаат од „жариште“ во округот Лоди, кое е во карантин поради епидемија во северна Италија. Најмладата е четиригодишно девојче од […]

Балкан

Сериозни инциденти на Лезбос и Хиос – над 60 повредени

На грчките острови Лезбос и Хиос и денеска продолжија протестите на локалното население против изградбата на затворените центри и повторно кулминираа со судири меѓу граѓаните и полицијата, во кои, според локалните медиуми, повредено е вкупно […]