Адеми: Образованието е основа на општествениот и регионален развој


Заменик министерот за образование и наука Арбер Адеми се обрати на четвртата годишна конференција на Асоцијацијата на балканските универзитети, која во следните два дена ја организира Универзитетот во Тетово, а посветена е на соработката помеѓу високо образовните установи и културната размена како основа за одржлив развој на земјите од Балканскиот полуостров.

5
4
3
2
1
6

 

Осврнувајќи се на важноста од постоењето на Асоцијацијата на балканските универзитети, Aдеми рече дека тоа е една од клучните организациите преку кои може многу да се придонесе во остварувањето на целта – подигнување на квалитетот на образованието кое се нуди на Балканскиот полуостров.

“Високо образовните установи кои членуваат во Асоцијацијата имаат конкретна визија и јасно дефинирана платформа на активности. Но, тоа не значи дека еднаш дефинираното не треба да се менува. Напротив, затоа се организираат овие конференции, состаноци и дебати, за да се разменат мислења и искуства, да се увиди потребата од дополнување и од евентуална корекција на правецот на делување, доколку постојат и промени на тековите на глобалниот образовен простор“, потенцираше Адеми.

Заменик министерот рече дека од оваа конференција очекува да  произлезат многу генерални заклучоци по однос на предизвиците, по кои, како што нагласи, заедно ќе постапуваме во периодот што следи и на следната конференција ќе ги сумираме позитивните резултати.

На присутните им посака успешна работа и многу нови партнерства и соработки со кои преку подобро образование ќе се обезбеди подобра иднина за граѓаните на земјите од Балканскиот полуостров.