Средба на Министерствата за внатрешни работи на Република Македонија и Република Албанија


Министерствата за внатрешни работи на Република Македонија и Република Албанија имаат одлична соработка и таа во наредниот период дополнително ќе се унапредува, истакнаа по денешната средба во Охрид министерот за внатрешни работи на Република Македонија Оливер Спасовски и министерот за внатрешни работи на Република Албанија Фатмир Џафај. И средбата во Охрид беше искористена за унапредување на соработката, пред се за заедничко справување со прекуграничниот криминал во делот на илегалната миграција и борбата против трговијата со дрога, како и поддршката во регионалните и меѓународните организации, каде двете држави се членки. Министрите Спасовски и Џафај потпишаа и протокол за соработка во областа на тероризмот. Целта на протоколот е зајакнување на полициската соработка во борбата против тероризмот и финансирањето тероризам, првенствено преку размена на информации за поединци и групи вклучени во вакви активности, како и спроведување на заеднички операции во спроведување на истите.



-Задоволство ми е што денеска бевме домаќини на делегацијата на министерството за внатрешни работи на Република Албанија. Особено е важно што денеска го потпишавме протоколот за соработка во борбата против тероризмот, глобална закана која што бара да има соработка меѓу државите и размена на информации. Исто така разговаравме како да ја зајакнеме соработката во борбата против трговијата со дрога, оружје и луѓе. Разговаравме и околу иницијативата која што ја покрена министерот за внатрешни работи на Република Албанија за формирање на регионален центар за полициска соработка за земјите од Западниот Балкан, што со задоволство ја прифаќаме. Се договоривме и да подготвиме заеднички проекти за прекугранична соработка  со кои што ќе аплицираме за средства од Европската унија, рече министерот Спасовски, кој потенцираше дека денешната средба била успешна, со силна порака за пријателство.

Министерот Џафај потенцира дека нема ниту едно спорно прашање меѓу министерствата на двете земји.

-Соработката меѓу двете министерства, меѓу двете држави е одлична. Овој однос што го воспоставивме како министерства може да служи како модел во регионот. Со задоволство очекувам посета од министерот Спасовски во Тирана или Поградец- рече министерот Џафај.


Вести

Регистрирани 1342 нови случаи на Ковид-19, оздравени 679 пациенти, починаа 22 лица

Од направени 3399 тестирања во последните 24 часа, регистрирани се 1342 нови случаи на Ковид-19, додека во исто време починаа 22 лица, а Институтот за јавно здравје регистрира 679 оздравени пациенти, соопшти Министерството за здравство. […]

Бизнис и економија

КСС: Недела неработен ден без правење хаос во Законот за работни односи

– Конфедерацијата на слободни синдикати предупредува дека со Предлог-измените во Законот за работни односи со кои недела треба да се прогласи за неработен ден ќе се направи хаос бидејќи со подзаконски акти ќе се утврдува […]

ССМ: Социјалниот дијалог дава резултати, потребата од Синдикатот и колективните договори се потврдува во најтешките моменти - МИА
Бизнис и економија

ССМ: Измените во ЗРО не одат во прилог недела да биде неработен ден

– Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) смета дека предложените измени во Законот за работни односи од страна на Министерството за труд и социјална политика не одат во прилог на тоа недела да биде прогласена […]

Биди првиот кој ќе коментира

Вашиот коментар

Твојата е-маил адреса нема да биде објавена.


*