“Со велосипед на работа во зима”


Министерството за животна средина и просторно планирање, дава поддршка и се вклучува во одбележување на интернационалниот ден “Со велосипед на работа во зима” –  Winter bike to work day – Skopje #4 кој ќе се одржи во петок на 9-ти февруари.

 

Оваа акција во светот традиционално се организира под мотото “Светот вози велосипед со тебе” и има за цел да ги мотивира граѓаните, институциите, фирмите, кафулињата, училиштата и сите оние кои велосипедот го препознаваат како пријател на доброто здравје и на животната средина, да го прифатат предизвикот и да се вклучат во акцијата, бирајќи го велосипедот како нов современ урбан стил на добро живеење.

 

Македонија, по четврти пат се вклучува во одбележувањето на овој светски ден на иницијатива на групата ентузијасти “На Точак”.

 

Во одбележувањето на овогодинешниот настан во светски рамики досега се пријавени повеќе од 11.374 велосипедисти испраќајќи ја пораката дека и во зима може да се вози велосипед.

Министерството за животна средина и просторно планирање се приклучува кон апелот упатен до велосипедистите од сите градови во Македонија да земат учество во оваа активност, а со тоа да го позиционираат својот град на мапата на светски градови каде велосипедот и зиме се користи како превозно средство. Според информацијата од иницијаторите, од Скопје веќе се регистрирани околу 383 граѓани, а поддршка и најава на учесници пристигнуваат од различни страни. Кафулиња, ресторани, бутици, продавници за велосипеди ги промовираат своите попусти и погодности за велосипедистите кои утре ќе пристигнат до нивниот објект на велосипед.


Вести

Со маска, средство за дезинфекција и дистанца, ДИК со герила акција во Скопје повика на безбедно гласање!

Караванот на Државната изборна комисија денеска беше во скопските општини Сарај, Шуто Оризари, Чаир и на плоштад „Македонија“ во центарот на Скопје со нивната герила акција. ДИК повика на безбедно гласање со делење на едукативните […]

Вести

Нови 163 случаи со Ковид-19, осум починати, 230 оздравени пациенти

– Во последните 24 часа се направени 1794 тестирања, а регистрирани се 163 нови случаи на Ковид-19 во: Скопје-87, Куманово-7, Дебар-2, Штип-10, Прилеп-3, Тетово-16, Струга-8, Охрид-1, Кавадарци-1, Демир Хисар- 1, Гостивар-8, Струмица-1, Кратово-1, Свети Николе-9, […]

Филипче: Имаме протоколи и доволно заштитна опрема за спроведување на изборите - МИА
Вести

ДИК ги повикува учесниците на изборите да ги почитуваат мерките за заштита на здравјето на граѓаните

Скопје, 8 јули 2020 () – Државната изборна комисија (ДИК) денеска ги повика сите вклучени во изборниот процес да ги почитуваат здравствените мерки, упатствата и протоколите за предвремените парламентарни избори на 15 јули. – Само […]

Биди првиот кој ќе коментира

Вашиот коментар

Твојата е-маил адреса нема да биде објавена.


*