Обид на политичките лидери во насока да се изгради консензус за името


Утре во Клубот на пратеници македонскиот државен врв и партиските лидери ќе оддржат средба на која ќе разговараат за прогресот во однос на спорот за името со Грција и рамката што ја предложи медијаторот Метју Нимиц.



На средбата ќе присуствуваат претседателот на државата Ѓорге Иванов, премиерот Зоран Заев, министерот за надворешни Димитров, лидерите на ВМРО-ДПМНЕ – Христијан Мицкоски и на ДУИ – Али Ахмети.

На зелената маса владините претставници ќе го презентираат последниот сет идеи кој ги предложи медијаторот, како и за средбата меѓу Заев и грчкиот премиер во Давос, во обид да изградат национален консензус и позиција за наметнатиот спор од нашиот јужен сосед со уставното име на Република Македонија.