Заменик министерот за животна средина и просторно планирање ќе присуствува на два настана во Црна Гора



ript>

Заменик министерот за животна средина и просторно планирање, Јани Макрадули, ќе престојува во Подгорица, Црна Гора во периодот од 7-9 февруари. Во среда, на 7 февруари заменик министерот Макрадули ќе учествува на средба на претставници на високо ниво за регионална имплементација на Парискиот Договор за клима, а наредните два дена на “Регионалната работилница за Националните системи за инвентари, проекции и политики и мерки”.


 

Настаните се во рамки на имплементацијата на регионалниот проект RIPAP (Regional Implementation of the Paris Agreement) кој ги поддржува Албанија, Босна и Херцеговина, Македонија, Косово*, Црна Гора, Србија и Турција како корисници во развојот на економии засновани на ресурси со ниски емисии на штетни гасови и градење на климатски отпорни држави.

 Проектот е дизајниран да им помогне на корисниците да ги разберат и да делуваат во правец на исполнување на целите на Парискиот договор.