Зошто промената на навиките е понекогаш толку тешка?


Зависноста е подложност на штетна навика, најчесто психофизичка зависност од одредени супстанци (вклучувајќи алкохол, кофеин, никотин, шеќер и др.). Станува збор за мозочно нарушување, кое се карактеризира со опсесивна активност за реализација на стимули на наградување, при што се игнорираат штетните последици.

 

 

Чоколадото и останатите слатки предизвикуваат зависност, бидејќи можат брзо да го подигнат шеќерот во крвта, а ние веднаш се чувствуваме малку подобро и со повеќе енергија. Сепак, ова чувство трае само извесно време, а за да го одржиме, треба да посегнеме по уште една лента или коцка чоколадо. И веќе влегуваме во маѓепсаниот круг на зависност. Во основа, нашето тело работи прилично едноставно. Тоа сака секогаш да биде во рамнотежа, а доколку не е, бара брзо снабдување со супстанци кои можат да ја вратат рамнотежата. Урамнотежената исхрана и редовниот режим помагаат да се прекине зависноста од слатки. Меѓутоа, ако јадеме неправилна и несоодветна храна, тогаш нивото на шеќер во крвта може да варира, па нè обзема желбата за брзо засилување на енергијата.

Слично е и со цигарите. Ако прашате пушач што добива од цигарите, веројатно ќе ви посочи задоволство, исполнетост и општо добро чувство. Никотинот, кој претставува активна состојка на цигарите е стимуланс и претставува една од причините зошто луѓето пушат, заедно со вкусот и ритуалот. Користени во мали дози како оние што се испорачуваат во цигарите, стимулансите го активираат нервниот систем, што доведува до засилена возбуда и будност. Никотинот е и причината поради која пушачите имаат потешкотии со откажувањето.

Никотинот може да дејствува и како стимуланс и смирувачки, во зависност од околностите и количината која се внесува. Ова може да се објасни зошто некои пушачи велат дека цигарите им даваат енергија и ја стимулира нивната ментална активност, додека други тврдат дека пушењето им ја ублажува анксиозноста и ги релаксира. На пушачите на цигари им се препорачува да се обидат засекогаш да се ослободат од оваа исклучително лоша навика која има многу негативни последици по здравјето. Докажано е дека понекогаш, токму поради зависноста од никотин станува збор за залудна борба. Откажувањето од цигари и никотин во целост е најдобриот избор за пушачите.

Иако никотинот предизвикува зависност и влијае на психоактивната состојба, тој не е примарен причинител за болестите поврзани со пушењето. Всушност, другите соединенија во чадот, како што се бензо[а]пирен, нитрозамин, јаглерод моноксид, катранот и бензенот, специфични за процесот на согорување на тутунoт се примарните причини за болестите поврзани со пушењето.

Иновациите во тутунската индустрија и водечкиот производ во оваа категорија, IQOS кој веќе две години е достапен на нашиот пазар, се фокусирани на тоа како да се ослободи никотинот од тутунот без притоа да се создаде катран, односно како да се избегне процесот на согорување и со тоа не доаѓа до создавање чад и високи нивоа на штетни состојки кои се присутни во истиот. Бидејќи при консумацијата не го согоруваат, туку го загреваат тутунот, алтернативните тутунски уреди не произведуваат ни катран, туку аеросолен остаток. Но, освен што производите без чад се помалку ризични за здравјето на секој пушач, тие влијаат и на подобрување на личната хигиена, бидејќи веќе го нема оној непријатен мирис во здивот, во косата или во облеката.