Започна наградната игра на ЛУКОИЛ Македонија во која главната награда е атрактивно АТВ-возило



ript>

Во следниот период, полнењето гориво на ЛУКОИЛ станува повозбудливо и нуди можност за добивање вредни награди. ЛУКОИЛ Македонија ја организира новата наградна игра „ЛУКОИЛ КЛУБ АВАНТУРА“ за корисниците на програмата за лојалност, во која како главна награда може да се освои атрактивно АТВ-возило. Покрај главната награда, корисниците на ЛУКОИЛ ќе имаат можност да освојат и многубројни ваучери за полнење гориво.


 

Наградната игра е направена за да овозможи лесно учество со едноставни правила. Во периодот од 11.10.2021 до 19.12.2021 година, сите корисници на лојалната програма ЛУКОИЛ КЛУБ може да се квалификуваат и да влезат во трка за една од наградите. За учество во оваа возбудлива авантура, корисниците треба да направат трансакција преку нивната картичка или преку мобилната апликација од програмата за лојалност, со која ќе соберат минимум 4 поени, а за потврда ќе го пратат бројот од слип-сметката преку СМС-порака на телефонскиот број 14775 (5,9 ден. / СМС со вклучен ДДВ).

Покрај главната награда АТВ-возило ZFORCE 450 L, „ЛУКОИЛ КЛУБ АВАНТУРА“ на своите лојални корисници што ќе учествуваат ќе им овозможи можност за добивање ваучери за гориво или, поточно, 12 ваучери со 1 000 денари, 8 ваучери со 2 000 денари и 8 ваучери во вредност од 3 000 денари.

„Нашата компанија останува посветена на задоволството на корисниците со овозможување врвно корисничко искуство и бенефити. Во насока на градење лојални односи со нашите корисници, сакаме да им овозможиме атрактивни награди како директна благодарност за користењето на нашите услуги. Преку ’ЛУКОИЛ КЛУБ АВАНТУРА‘, користењето на лојалната програма го правиме возбудливо и сигурни сме дека тоа ќе биде препознаено од луѓето. Би сакал да им посакам среќа на сите учесници во овогодишната авантура исполнета со атрактивни награди“, изјави Андреј М. Куку, регионален управител на ЛУКОИЛ Македонија.

Извлекувањето ќе се врши по случаен избор, секоја втора недела, при што ќе се доделуваат ваучери за среќните корисници, додека, пак, на последното извлекување на 20.12.2021 година ќе биде извлечена главната награда и ќе го дознаеме победникот на „ЛУКОИЛ КЛУБ АВАНТУРА“. Во секое двонеделно извлекување ќе се извлекуваат кодовите пратени во периодот од две недели меѓу извлекувањата, а сите пратени недобитни кодови ќе бидат во игра за главната награда. Добитниците на награди од секое коло ќе бидат објавени во рок од 3 дена од извлекувањето во дневниот весник „Нова Македонија“ со објавување на името, презимето и телефонскиот број од кој е пратена СМС-пораката.

Она што е важно за сите корисници што ќе учествуваат е дека треба да ги чуваат слип-сметките од кодовите што ќе ги пратат, со цел да ги прикажат како доказ при освојување една од наградите.

На сите корисници на ЛУКОИЛ Македонија им посакуваме среќа во оваа авантура!