Во Русија направен потполно нов тип на менувач



Курганските инженери презентираа систем на трансмисија каков што не постои во светот. Тоа е комбинација од автоматски и механички менувач, односно на нивните најдобри особини.

Новиот систем на пренос е развиен под раководство на професорот Александар Благонравов, доктор на технички науки. Типот на трансмисија го доби називот по својот креатор: „Трансмисијата на Благонравов“.

Најважната особина на иновативниот систем на пренос е забрзувањето без зголемување на бројот на вртежи на моторот. На тој начин моторот постигнува иста брзина со 30% помалку гориво. Според авторот на проектот, со таквата трансмисија дури и обичен руски УАЗ ќе има побрз старт од „Мерцедес“.

Во овој систем брзината не се развива со зголемување на бројот на вртежи на моторот, туку со зголемување на амплитудата на осцилирање на замаецот. „Стартот со ваков менувач е побрз затоа што енергијата на торзијата на вратилото го „исфрла“ возилото како стрела, со соодветното забрзување. Покрај тоа, моторот независно од брзината на движење ќе работи во оптимален режим, т.е. со минимална потрошувачка на гориво и максимална инерција“, објасни еден од авторите на проектот.

Принципот е сличен на механички будилник, каде што со затегнување на пружината ја пренесуваме енергијата врз механизмот, по што пружината ги придвижува сказалките. Ако сказалките на се движат, енергијата не се троши. Така е и во новата трансмисија – во првата половина на циклусот моторот ја затегнува пружината, а во втората таа се враќа и ја пренесува енергијата врз моторот.

rbth.com


Вести

Дневен преглед на состојбата со Ковид-19 во светот

Според последните податоци, досега во светот 33.951.767 лица биле заразени со новиот коронавирус. Како резултат на Ковид-19, починале 1.014.644 пациенти, а се опоравиле 25.217.358 лица. Во последните 24 часа во Германија се регистрирани 1.798 нови […]

Вести

Објавени распореди на часовите за наставата на МРТ

Учениците кои немаат ИТ-уреди за да следат онлајн-настава преку платформата, часови ќе  гледаат на Македонската радио-телевизија на која секој ден ќе бидат прикажувани 15-минутни видеа за секој наставен час. Часовите ќе почнуваат во 8.30 часот […]

Вести

Регистрирани 194 новозаразени, починаа 2 лица

Во последните 24 часа се направени 1697 тестирања, а регистрирани се 194 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-77, Куманово-9, Дебар-3, Штип-5, Прилеп-11, Тетово-16, Струга-3, Велес-5, Битола-6, Охрид-2, Кавадарци-3, Гостивар-5, Гевгелија-1, Струмица-9, Крива Паланка-3, Радовиш-6, Кочани-10, […]