Во Клиничката болница „Аџибадем Систина“ почна со работа Конференцијата за колоректален канцер


ВРВНИ ДОКТОРИ ОД ДОМА И ОД  СТРАНСТВО ДЕБАТИРААТ ЗА ИСКУСТВАТА  ЗА ПРЕВЕНЦИЈА И ЛЕКУВАЊЕ НА КАНЦЕРОТ НА ДЕБЕЛОТО ЦРЕВО

Само минатата 2018 година, биле регистрирани околу 1.8 милиони нови случаи на заболени од карцином на дебелото црево и ректумот во светот. Популација со највисок ризик за развој на оваа болест се луѓето до 40 години, со семејна анамнеза за полипи или карцином на дебелото црево појавен пред 40-тата година од животот. Подигнувањето на општествената свест кај граѓаните е многу важно и за таа цел во Скопје се одржува меѓународна конференција насловена Early Occurrence of Colorectal Carcinoma. Where we are. Where are we going?, што ја организира Клиничката болница „Аџибадем Систина” и MTCC (Mediterranean Task Force for Cancer Control). Конференцијата ја отвори д-р Јана Марин, директорката на „Аџибадем Систина“, која во своето обраќање истакна дека на овој собир се обединуваат водечките меѓународни и домашни професионалци од оваа сфера.

„Клиничката болница  ’Аџибадем Систина’ отсекогаш била посветена да создаде систем, да постави арсенал од најдобрите технологии за откривање и третман, да донесеме методи и знаења за да им помогнеме на сите коишто ја водат, но и да ја добијат битката со карциномот. Од оваа наша мисија произлезе и отворањето на првиот приватен комплетен Центар за онкологија и редиотерапија”, изјави д-р Марин. Подобрувањето на квалитетот на животот во општеството и придонесот кон развојот на здравствената заштита во медицината е една од целите на болницата „Аџибадем Систина“. „Меѓутоа, тоа е можно само со заедничка акција на сите засегнати страни во општеството. Затоа, од самиот почеток силно го поддржавме и поттикнувавме развојот на научната мисла и практика, секогаш заедно во координација и соработка со сите професионални здруженија и, се разбира, со владините институции и јавното здравство. Во оваа смисла, ја поздравувам отвореноста за соработка, за тоа што ги идентификува и ја ценат нашата посветеност и нашето активно учество во подигање на нивото на националниот здравствен систем“, додаде-р Марин.

На конференцијата присуствуваат четириесетина еминенти доктори предавачи од повеќе земји од Европа и од Азија. Своите искуства и достигнувања во оваа болест ќе ги изнесат пред гостите на работните сесии предвидени во двата дена.

Д-р Владо Димов на отворањето рече дека овој состанок организиран од страна на МТCC и болницата „Аџибадем Систина” е насочен кон застрашувачката растечка инциденца на колоректален карцином и намалување на возраста на пациентите погодени од оваа болест.

„ Денес колоректалниот карцином веќе не е болест на постарата популација, туку спротивно, почесто од кога и да е кога ја гледаме оваа болест кај млади пациенти.Целта на оваа конференција е да се расветлат сите аспекти за можните фактори за влошување на оваа ситуација како што се: диететски причини, специфики на различни региони во светот, патолошки и генетски фактори, рано појавување на симптоми, дијагноза, третман и скрининг”, изјави проф. д-р Димов.

Министерот за здравство, Венко Филипе, кој присуствуваше на отворањето на конференцијата и истакна дека особено е важно да им се овозможи на граѓаните да имаат можност да се лекуваат во најдобрите болници, вели дека државата размислува да продолжи со концептот на јавно приватно парнерство.

„Сакам да им честитам на организаторите, на ’Aџибадем Систина’  за оваа конференција, верувам дека овие искуства што овде ќе се стекнат ќе се имплементираат во сите институции во нашата земја. Ние како Министерство за здравство ќе продолжиме понатаму да ги поддржуваме превентивните прегледи, особено за оваа болест”, изјави министерот Филипче.

Колоректалниот карцином е третиот најчест облик на рак кај мажите и вториот најчестиот облик на рак кај жените во светот. Се смета дека колоректалниот карцином е четврта водечка причина за смрт во светот. Во Македонија тоа е шестата причина за предвремена смрт, а во последната деценија бројката на смртност од колеректален карцином се зголеми за повеќе од 16 насто. Затоа, велат во Клиничката болница, на оваа конференција „Аџибадем Систина“ гледа како на почетна точка, своевидна платформа за споделување на најдобрите практики за тоа како да се обезбедат превентивни и куративни здравствени услуги на напредно ниво, во интегрирано опкружување.

На оваа конференција се промовираше печатен едукативен материјал кој досега е преведен во повеќе од 20 земји во светот. Брошурите со корисни информации за превенција, рана дијагностика и современ третман на карциномот на дебело црево и ќе бидат дистрибуирани по сите амбуланти низ земјава со цел информирање на популацијата и подигнување на свеста кај населението.

Вести

Демонстрантите во Боливија заземаа два државни медиуми

Противниците на претседателот на Боливија, Ево Моралес ги зазедоа зградите на два државни медиуми, телевизијата Боливија и радиото „Патрија Нуева“, принудувајќи ги вработените да ги напуштат своите работни места, изјави официјален претставник. – насобраните луѓе […]

Балкан

Тачи на Фејсбук соопшти зошто не отиде во Охрид

Косовскиот претседател Хашим Тачи на Фејсбук објави дека одбил да присуствува на самитот во Охрид, наведувајќи дека Косово не сака да ја замени својата евроатлантска перспектива со ниту една регионална иницијатива, јави Танјуг. Тој наведе […]

Вести

На трилатерална средба во Охрид утврдена декларацијата за регионална соработка

Премиерот Зоран Заев заедно со неговиот албански колега Еди Рама и српскиот претседател Александар Вучиќ синоќа во Охрид ја утврдија декларацијата со листа на приоритети и мерки за подобрување на регионалната соработка. Декларацијата следува  по […]