Владиката Агатангел – Секоја педа од македонската земја, и во Пирин и во Егеј, е натопена со македонска крв.


Еден од најголемите протести во историјата на слободна Македонија се одржа вечерва во Скопје!



На протестот имаше илјадници Македонци, сите излезени со една цел, да покажат дека ИМЕТО НЕМА ДА СЕ МЕНУВА!

Еден од говорниците и предводници на протестот, владиката Агатангел имаше емотивен говор. Тој рече:

“Го сменија името на Воден, ставија грчко име, на Лерин, на Костур, на Солун, сега сакаат на целата наша македонска земја да ѝ го сменат името или да додадат додавка. Ние, Македонците, исполнети со голема љубов, со големо трпение, со големо милосрдие, братољубие и човекољубие им кажуваме на сите – не, Македонја е нашата земја, нашата татковина, нашата душа. Името на државата е името на црквата македонска, душата на македонскиот народ!

„Болката на нас, Македонците, е голема и продолжува. Нашата сакана земја македонска е распарчена на три дела – беломорска, пиринска и вардарска. Му благодариме на Гопода што ни го сочува овој вардарски дел, ни го даде за да можеме како народ македонски да се издигнеме духовно и да ги зачуваме спомените на нашите прадедовци кои лежат во нашата македонска земја. Секоја педа од македонската земја, и во Пирин и во Егеј, е натопена со македонска крв. Секој камен да го кренеш ќе го слушнеш плачот на каменот за пролеаната крв на нашите дедовци и прадедовци и на нашите браќа и сестри“.

Владиката Агатангел не заборави да ја потенцира светоста на нашето име: „Нашата земја македонска е запишана во Библијата и сега некој сака да нè избрише, а зошто сака? Никој од тие народи што сакаат да нè избришат не постои во Библијата. Да бидеме достоинствени, да си го чуваме името, нашиот македонски јазик, идентитет, унитарниот поредок на нашата света македонска земја и да го чуваме името на нашата света македонска црква“, порача владиката.

Овој протест дава надеж дека конечно Македонскиот народ, без разлика на политичка и верска определба, ќе застане сложно во одбрана на идентитетот!!!