Ученички од Индија открија астероид блиску до Марс


Ученички од Индија открија астероид блиску до Марс - МИА

Хонолулу, 28 јули 2020 () – Две ученички од Индија, со помош на слики од телескопот на Универзитетот на Хаваи, откриле астероид што се движи кон Земјата, објави вчера Индискиот институт за вселенско образование.

Астероидот во мигов е блиску до Марс и се очекува да ѝ се доближи на Земјата за околу еден милион години, објави Спејс Индија – приватен институт каде што учат 12-годишните девојчиња.

– Возбудена сум што добив шанса да го именувам астероидот, рече Вајдехи Векарија, која додава дека еден ден сака да стане астронаут, како и нејзината другарка Радика Лахани. Астероидот е првично наречен ХЛВ-2514, но ќе биде формално именуван дури по потврдата на НАСА дека се работи за новооткриено вселенско тело.

Астероидите и кометите претставуваат потенцијална опасност за Земјата, а научниците откриваат илјадници секоја година. Астероид потежок од Ајфеловата кула, 2013 година експлодираше над централна Русија. Во несреќата беа повредени повеќе од 1.000 луѓе. 


Над девет милиони во светот оздравени од Ковид-19 - МИА
Вести

Нови 155 случаи со Ковид-19, двајца починати, оздравени 127 пациенти

Скопје, 7 јули 2020 () – Во последните 24 часа се направени 1 845 тестирања и се регистрирани 155 нови случаи на Ковид-19. Починале две лица, а оздравеле 127 пациенти, соопшти попладнево Министерството за здравство. Од […]

ССМ: Социјалниот дијалог дава резултати, потребата од Синдикатот и колективните договори се потврдува во најтешките моменти - МИА
Бизнис

ССМ: Одлуката за поскапување на струјата е избрзана

Скопје, 7 август 2020 () – Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) смета дека одлуката за зголемување на цената на струјата е избрзана и зголемување ќе падне на товар на граѓаните. – Сојузот на синдикатите […]

Ивановска за МИА: Законот во ниту еден случај, ниту во вонредна состојба не ги ослободува од одговорност лицата кои ја злоупотребиле позицијата - МИА
Вести

Ивановска: Ќе бараме од новите пратеници да донесат Закон за потекло на имотот

– Не секогаш оној кој се стекнува со имот, го става имотот на свое име. Ќе бараме од новите пратеници да донесат Закон за потекло на имотот, изјави претседателката на Државната комисија за спречување на […]

Биди првиот кој ќе коментира

Вашиот коментар

Твојата е-маил адреса нема да биде објавена.


*