Твитер на вработените ќе им овозможи постојано да работат од дома


Основачот на „Твитер“ со една милијарда помага за борбата против пандемијата од Ковид-19 - МИА

Сан Франциско, 13 мај 2020 () – Компанијата Твитер соопшти дека ќе им овозможи на некои вработени да работат од далечина, односно од дома, бидејќи епидемијата на коронавирусот ги принудува фирмите да направат измени во канцелариите ширум светот.

Твитер е првата голема технолошка компанија што им овозможува на вработените да работат од дома, дури и откако ќе престана епидемијата на новиот коронавирус.

Главниот извршен директор на Твитер Џек Дорси им испратил известување на вработените дека оние чии позиции, можат да продолжат да работат од далечина дури и кога ќе се отвораат канцелариите.

– Ние бевме една од првите компании кои се префрлија на моделот на работа од дома. Ние и понатаму ќе го правиме тоа и ќе продолжиме да ја ставаме на прво место безбедноста на нашите луѓе и заедниците, изјави портпаролот на Твитер.

Сите настани во живо беа одложени, а на Твитер се наведува дека повеќето нивни канцеларии нема да бидат отворени пред септември.


Нови 22 случаи со Ковид-19, вкупно дијагностицирани 1.839, оздравени 50 пациенти, двајца починати - МИА
Вести

Нови 76 случаи на инфицирани со Ковид-19 во државава, 26 оздравени и еден починат

Скопје, 2 јуни 2020 () – Од вкупно извршените 885 тестирања во изминатите 24 часа, регистрирани се 76 позитивни пациенти на Ковид-19, додека во исто време оздравеле 26 пациенти, информира вечерва Министерството за здравство. Министерството […]

ДСЗИ има направено над 116 вонредни инспекциски надзори во градскиот превоз - МИА
Вести

Досега 55 позитивни на КОВИД-19 од штипските конфекции, во тек се 485 тестирања

Скопје, 2 јуни 2020 () –  Во Штип до вчера се издадени 55 решенија на позитивни лица на вирусот за домашно лекување и самоизолација и 169 решенија на лица за здравствен надзор и изолација по […]