Премногу седење за време на празниците остава долготрајни последици врз здравјето


Само две недели седење за време на божиќните и новогодишните празници може да остави трајна штета врз здравјето, покажува ново истражување што го пренесува британски Телеграф.

Една британска студија покажала дека здравите луѓе кои дневно прават околу 10.000 чекори, по само 14 дена легачење, имаат драматичен пад на силата и главните показатели за добро здравје. Експертите предупредуваат дека забавувањето на активностите може да биде особено погубно за постарите лица и може да предизвика физиолошки последици кои никогаш не можат да се поништат.

Во истражувањето биле опфатени 47 возрасни лица, од кои половината биле постари од 60 години, а останатите во нивните 20-ти и 30-ти години. На сите им било кажано да ги намалат своите активности на најмногу 1.500 чекори на ден за две недели. На крајот од истражувањето нивото на маснотии во мускулите се зголемило за 20 проценти кај помладите групи и за 28 отсто кај постарата група.

Силата во нозете паднала за пет проценти кај помладата група и повеќе од осум проценти кај пензионерите. Исто така, забележано е намалување на кардио-респираторниот капацитет, со пад од повеќе од пет проценти кај помладите и речиси 10 проценти кај постарите лица. И митохондријалната функција – производство на енергија на клеточно ниво – нагло се намалила по две недели легачење, со пад од околу четири проценти кај помладите и 19 проценти кај оние над 60 години.

Научниците оценија дека ова откритие е особено важно затоа што сугерира промени во телото кои би можеле да имаат долготрајни, па дури и трајни последици, кои влијаат на метаболичките функции, здравјето на мускулно-скелетниот систем и состојбите поврзани со воспаленија.

Студијата на универзитетот „Ливерпул“ е единствена поради тоа што проучувала здрави луѓе кои одеднаш ги намалиле своите активности. Таквите промени се случуваат и за време на празници или при лоши временски услови или болест. Исто така, регистрирано е намалување на густината на коските, вкупната телесна маса и мускулната маса на нозете.
Научничката Џулиет Норман вели дека обемот на промените забележани за толку кратко време е изненадувачки и предупреди дека треба да се спротивстави на тенденцијата за водење седечки живот. „Во овој период од годината, многумина од нас ќе се релаксираат, ќе јадат и пијат повеќе и ќе вежбаат помалку. Не одложувајте ги прошетките. Оваа студија навистина покажува колку е важно излегувањето секој ден – половина час на ден е доволно за да се спречи надолна траекторија.“

Според проценките на британскиот систем за јавно здравје, околу шест милиони средовечни луѓе во земјата имаат седечки животен стил и 40 проценти од луѓето на возраст од 40 до 60 години не одат со забрзано темпо ниту десет минути еднаш месечно.

Резултатите од истражувањето беа објавени на конференцијата на Физиолошкото друштво.


Конституирано Собранието, верификувани мандатите на 120-те избрани пратеници - МИА
Вести

Сто и седумнаесет од вкупно 120 пратеници присустуваа на конститутивната седница на десеттиот парламентарен состав

Скопје, 4 август 2020 (МИА) – Сто и седумнаесет од вкупно 120 пратеници присуствуваа денеска на конститутивната седница на десеттиот парламентарен состав, која се одржа во салата Голема купола согласно здравствените протоколи за заштита од ширење […]

Градоначалникот на Москва најави бесплатни вакцини против Ковид-19 - МИА
Вести

Нови 75 случаи со Ковид-19, пет починати, 136 оздравени пациенти

Скопје, 4 август 2020 () – Во последните 24 часа се направени 830 тестирања, а регистрирани се 75 нови случаи со Ковид-19 во: Скопје-32, Куманово-4, Штип-5, Тетово-7, Кавадарци-8, Гостивар-8, Струмица-1, Кочани-1, Пробиштип-2, Македонски Брод-2, Виница-1, […]