Потрошувачки Еко-кредит на Халкбанк за енергетски ефикасни производи и проекти


Новиот потрошувачки Еко-кредит на Халкбанк е наменет за физички лица и овозможува финансирање на проектите за енергетска ефикасност (ЕЕ), какви што се  замената на енергетски неефикасните системи за снабдување со топлина и надградувањето на надворешната ѕидна и покривна инсталација, системите за греење и осветлување, како и поставување фотоволтаици на покривот за производство на струја.

 

 

Во повеќето земји низ светот, теми за дискусија се енергетската политика и растечките цени за енергија. Дури и ако тековните цени на електрична енергија во Македонија се релативно ниски денес, тоа може да се промени во иднина, бидејќи енергијата станува се поредок ресурс и владите вообичаено плаќаат големи суми за да ги одржат цените ниски за потрошувачите. Инвестициите во модерни, енергетски ефикасни технологии и системи за управување со енергија во принцип имаат голема економска смисла. И покрај повисоките почетни трошоци, купувањето на ефикасни технологии во најголемиот број случаи ќе се исплати, бидејќи ќе користите помалку енергија од претходно и поради тоа што ќе ви бидат пониски трошоците за поправка и одржување.

Како позитивна мерка во соочување со ваквите времиња е тоа што од сега секое домаќинство или компанија ќе може да стави фотоволтаик на покривот за производство на струја. Со новите законски решенија ќе се овозможи граѓаните да произведуваат електрична енергија на нивните покриви и да ја продаваат на откупувачот и дистрибутер на електрична енергија. А се подготвува и закон со кој ќе се олесни постапката за инсталирање на фотоволтаични системи на покривите на домаќинствата и на индустриските објекти.

Во поддршка на оваа новина, Халкбанк го понуди Еко потрошувачкиот кредит  со максимален износ до 600.000 денари, а рокот на отплата изнесува до 95 месеци со вклучен грејс период во траење до 3 месеци. Варијабилната каматна стапка е дефинирана како: 3,75 процентни поени + референтната стапка за пресметување на законската каматна стапка која во моментов изнесува 2%(5.75% номинална годишна). Провизијата за обработка на кредит изнесува 0,5 %, додека надоместот за предвремена отплата на кредит е 0%. Кредитот треба да се искористи наменски врз основа на доставена фактура/про-фактура од трговецот.