Пет совети за малите бизниси: како да се зголеми продажбата и да се напредува во ерата на Covid-19


Почетокот на вакцинацијата ширум светот и во Македонија, дава надеж дека 2021. ќе биде година за повторно воспоставување и зајакнување на работењето на бизнисите, преку зголемување на продажбата. Малите бизниси се соочија со многу проблеми за време на последните десет месеци, па иако се чини дека се гледа светлина на крајот на тунелот, сепак сè уште не е сè готово. Пандемијата донесе со себе многу предизвици, навиките на купувачите се променија значително, па согласно истото неопходно е малите бизниси, кои се значително погодени од кризата, да продолжат да растат и да се прилагодуваат. Во било која фаза и да се наоѓа некој мал бизнис, никогаш не е доцна да се оживее неговото работење, а компанијата Visa открива пет важни совети како да се извлече максимумот во 2021. година и брзо да се врати нивото на работење.



Исчекорете во онлајн начинот на работење

За малите бизниси, кои сè уште немаат интегрирано онлајн алатки во начинот на своето работење, 2021. година е вистинското време за овој чекор. Back to Business студијата на компанијата Visa покажа дека за време на последните неколку месеци, повеќе од половина од анкетираните потрошувачи ширум светот купувале онлајн, каде и да постоела можност за истото, а малите бизниси го следеа овој тренд, па 43 отсто од нив сега своите производи ги продаваат онлајн, додека 87 отсто планираат да го продолжат истото и во наредните три месеци. Овие податоци се дел од глобалната серија на истражувања, која настана со цел да им се помогне на малите и средни претпријатија да фатат чекор со дигиталната трансформација, а потрошувачите да се едуцираат за значењето на купувањето кај малите локални произведувачи. Истражувањето укажува на тоа дека иднината на трговијата е дигитална, а се очекува оваа промена во однесувањето на потрошувачите да продолжи. Затоа интернет стратегијата е важна, без разлика на тоа колку е мал вашиот бизнис.

Добар провајдер за решенија за веб страници, во голема мера ја олеснува интернет продажбата, помагајќи ви да креирате дигитален излог за својот бизнис. Не заборавајте прво да ја поставите основата, како што се: производи, услуги, работно време, понуди, искуства на корисници и контакт информации. Не комплицирајте, бидејќи купувачите поминуваат повеќе време на веб страници кои се поедноставни за користење и одлучуваат дали сакаат да пребаруваат и купуваат во првите неколку минути. Доколку веќе имате направено веб страница, разгледајте начини за нејзин понатамошен развој оваа година. Искористете ги интернет пребарувачите на паметен начин, вашите клучни зборови за SEO нека бидат оптимизирани согласно вашето работење и бизнис, така што вашата веб страница ќе се прикажува на врвот на резултатите од пребарувањето.

Овозможете им бесконтактно искуство на купувачите

Она кое стана јасно во последните месеци е дека потрошувачите сакаат да плаќаат на најсигурен и најхигиенски начин. Дигиталното плаќање во продавниците повеќе не е само погодност, туку и неопходност, бидејќи купувачите сакаат шопинг искуство без допир, како што е бесконтактното плаќање. Скоро половина, 48 отсто од анкетираните потрошувачи, изјавуваат дека не би купувале во продавница, која нуди само начини на плаќање, кои бараат контакт со продавачот или со одреден заеднички уред.

Само еден од осум купувачи е подготвен да се врати на старите начини на плаќање, дури и откако вакцините почнаа да се достапни. Не само што бесконтактните плаќања се посигурни, туку се и побрзи и поедноставни, што ви овозможува повеќе време да вложувате во вашето работење. Подобрената ефикасност го намалува чекањето во редовите за наплата, додека вработените ракуваат со помалку готовина, кое за возврат бизнисот може да го доведе до заштеда.

 Редовно огласувајте на друштвените мрежи

 Доколку сè уште не ги користите друштвените мрежи и го немате проширено опсегот на својот бизнис, сега е вистинскиот момент да го направите истото, имајќи во предвид што сè повеќе луѓе остануваат дома. Минатата година 37 отсто од анкетираните сопственици на мали бизниси ги имаат проширено своите продажни канали, со цел да истражат и пронајдат нови можности, преку кои би можеле да дојдат до постоечките, како и до нови купувачи.

Поставете јасни цели со помош на метричките параметри и измерете го успехот на друштвените мрежи. Ако целта ви е да ја зголемите препознатливоста на вашиот бизнис, 30.000 луѓе кои ги споделуваат вашите постови е голем успех. Доколку користите друштвени мрежи за да се зголеми продажбата, тогаш новите барања за вашиот производ и прашањата како „Каде можам да го купам?“, се показатели за перформансите кои се навистина важни. Искористете го своето време на најдобар начин и објавувајте додека вашите корисници се онлајн и додека се на друштвените мрежи. Пробајте да експериментирате со објавување во различно време со цел да откриете дали вашите корисници имаат тенденција да пребаруваат додека одат на работа или за време на паузата за ручек. Ако веќе го имате направено тоа, тогаш пробајте ја функцијата за поврзување на друштвените мрежи со вашата веб страница и охрабрете ги вашите постоечки корисници и посетители да ја споделуваат вашата содржина на своите профили на друштвените мрежи.

Безбедноста на корисниците нека остане на врвот на вашата листа на приоритети

Иако изгледа дека се гледа светлина на крајот од тунелот, сепак и понатака е пресудно бизнисите да се во чекор со новонастанатите трендови, како и да останат прилагодливи и да прифаќаат промени. Безбедносните мерки остануваат да се клучна грижа за корисниците, па потребно е малите бизниси да преземат неопходни чекори со цел корисниците да се чувствуваат сигурно во нивните продавници. Неодамнешни истражувања покажуваат дека 94 отсто од анкетираните потрошувачи тврдат дека бизнисите мораат да преземаат безбедносни мерки – 71 процент го нагласуваат задолжителното користење на маски за лице, 60 отсто веруваат дека корпите за шопинг треба да се дезинфицираат по секоја употреба, а 54 отсто сметаат дека физичкото дистанцирање од 2 метри мора да биде облигаторно.

За корисниците, кои сè уште избегнуваат посета на продавници, размислете како можете да направите чекор плус и да им овозможите чувство на сигурност и вредност. Доставата до дома е брз начин да обезбедите продажба и да направите вашите корисници да се чувствуваат удобно, без грижа дека ќе дојдат во контакт со премногу лица.

Негувајте ја лојалноста на вашите купувачи

 Сега постои поголема веројатност потрошувачите да разгледуваат и купуваат во различни продавници. Согласно, важно е и понатака да се размислува за нови начини на поврзување со своите купувачи, со цел да сте сигурни дека нивната лојалност кон брендот ќе продолжи со исто ниво. Ако купувачите беа со вас за време на пандемијата, тоа укажува кон нивната вистинска лојалност – но имајте на ум дека секогаш имаат неколку избори, нешто кое морате да го надминете со цел да сте сигурни дека се чувствуваат ценето.

Купувачите сакаат да слушнат мислење и оценки од други, пред и по купување. Наменете простор на својата веб страница за рецензии. Имајќи во предвид како лојалноста произлегува од приврзаност и припадност, барањето на податоци и повратни информации за позитивните и негативните искуства на купувачите е добар начин за продолжување на разговорот и создавање на чувство дека ги цените. Како што еден од три потрошувачи е подготвен повеќе да не купува на исто место по лошо искуство со корисничка поддршка[1], никогаш не било поважно да се задржат корисниците кои ги имате. Погрижете се искуството кое го стекнуваат секогаш да ги исполнува нивните очекувања.

Другата идеја е да им понудите на купувачите прилагодени понуди за лојалност врз основа на нивните претходни купувања. Едноставни додатоци, како што се подарок картичка и награда за членови, исто така можат да бидат алатки, кои се потребни за враќање на корисниците.

[1]1 oд 3 купувачи ќе се оттргнат од брендот само по едно лошо искуство, The Drum, октомври 2020.

Напомена: Сите статистички податоци се преземени од Visa’s Back to Business Study (Phase III).