OurMine: Дури и Фејсбук може да биде хакиран


 Твитер потврди дека нивните официјални налози на социјалната мрежа Фејсбук, како и на платофрмата Месинџер, биле хакирани.

Медиумите претходно пренесоа дека налозите на Фесбук вчера ги презела хакерската група „OurMine“, која притоа ја испратила пораката „дури и Фејсбук може да биде хакиран“.

Групата оваа порака ја ставила на налозите на Твитер и Инстаграм на Фејсбук, а налозите сега се повторно воспоставени, пренесе Би-Би-Си.

Групата „OurMine“, која во јануари хакираше повеќе од 10.000 екипи на американскиот фудбал, тврди дека нивните напади претставуваат обиди да се укаже на ранливоста на кибер просторот.

Групата на налог на Твитер на Фејсбук постави порака : „Здраво, ние сме „OurMine“, па дури и Фејсбуик може да се хакира, иако нивната безбедност е барем подобра од таа на Твитер“.

Групата упаднала и на налозите на Фејсбук и Месинџер на Инстаграм, каде го поставиле своето лого.

Официјалниот сајт на Фејсбук не е хакиран.


Вести

Чулев ја потврди полициската акција во Крушопек

– Акцијата со претреси во Крушопек поради недозволема трговија со дрога ја потврди и министерот за внатрешни работи Наќе Чулев кој на Фејсбук објави дека „Министерството за внатрешни работи во овој момент презема широк спектар […]

Вести

Кандидатите за пратеници ќе можат да собираат потписи и на нотар, дополнително запишување во ИС на лица со 18 години

– Освен прекројувањето на шестата и петата изборна единица, измените на Изборниот законик предвидуваат и други новини кои треба да се применуваат на претстојните предвремени парламентарни избори на 12 април. -Некои од измените на Изборниот […]

Вести

Нема бонуси за членовите на ДИК за изборите, нема пари и за членовите на ОИК и ИО ако не одат на едукација

– Членовите на Државната изборна комисија (ДИК) денеска ги повикаа околу 35.000 членови на изборните органи да присуствуваат на претстојната едукација за организирање и спроведување на предвремените парламентарни, која е задолжителна и ќе започне на […]