Нова можност за упис на Бреинстер Некст колеџот со „Студирај сега, плаќај по вработување“


Поради големиот интерес за финансискиот модел „Студирај сега, плаќај по вработување!“ и како резултат на посветеноста на сите идни студенти околу полагањата на државната матура, на барање на матурантите, компетитивниот тест со којшто може да се добие оваа неверојатна можност за студии на новиот применет ИТ колеџ Бреинстер Некст  е повторно отворен.


 

Тестот од 40 прашања, на кандидатите што сакаат да студираат на тригодишните студии по Софтверско инженерство и иновации, може да им обезбеди нула денари трошок за време на студиите, односно да ја плаќаат школарината откако ќе дипломираат или ќе се вработат.
Оваа опција ќе биде достапна само за најдобрите 75 кои ќе го поминат квалификациското тестирање.

Сите заинтересирани кандидати треба да одвојат 45 минути за да го решат тестот кој ќе биде отворен сѐ до пополнување на квотата за упис.

„Натпреварот за опцијата Студирај сега, плаќај по вработување“ го лансираме повторно на барање на голем дел од матурантите кои се заинтересирани да продолжат со високо образование во областа на софтверско инженерство, како и нивните родители, имајќи  предвид дека голем дел не беа во можност да учествуваат во пролетната едиција на натпреварот, поради фокусот на полагањето на матурата.
Сега, откога, заврши екстерниот дел на матурите, повторно го лансираме тестот со цел сите потенцијални студенти без оглед на нивните финансиски можности, да можат да ја искористат оваа уникатна опција која е единствена не само кај нас туку и во поширокиот регион. Студентите студираат за 0 денари сѐ до нивното дипломирање и вработување, а почнуваат да ја исплаќаат школарината на рати по нивното вработување. Според нашите проекции, во таков случај истата не би изнесувала повеќе од 35% од нивната почетна плата“,  вели Александар Клашниновски, директор на Бреинстер Некст колеџот.


Инаку, во пролетната едиција на тестот, над 220 заинтересирани кандидати го решија истиот, при што најдобрите од нив веќе ги резервираа своите места за есенскиот семестар на Бреинстер Некст колеџот .

It’s time to Join Generation Next – Summer Edition!

Бреинстер Некст колеџот е првиот акредитиран применет ИТ колеџ во државата –  основан од страна на Бреинстер – најдобро рангиран образовен центар во Македонија според независната платформа за рангирање од страна на алумни и тековни студенти – 99Schools.mk во конкуренција од 150 формални и неформални едукативни центри во државата.