Нисан Леаф мина 370 километри без возач


– Јапонското возило Нисан Леаф со помош на осум ласерски читачи, седум камери, радар и шест контролни единица, а без возач возеше покрај останатите учесници во сообраќајот, и така мина 370 километри.

Тоа е најдолгото и најкомплексно патување во Велика Британија досега, во време кога трката за развој на самоуправувачки возила во автомобилската индустрија е во полн ек.

Земјата се обидува да земе „дел од колачот“ во оваа индустрија за која се проценува дека до 2035 година ќе вреди 1,2 билиони долари.

Приближно 370-километарското патување започна во европскиот технолошки центар на Нисан во Кранфилд во јужна Англија. Патот заврши во Сандерленд, на североистокот.

– Останатите возачи одоколу не забележуваа дека автомобилот всушност е целосно самоуправувачки, забележа Дејвид Мос, одговорен за истражувањата и развојот на Нисан во Европа.

– Возилото поради бројот на сензори кои непрекинато наѕираа што сè се случува околу него, може да бидат замена за човек возач, додава тој.

Проектот на Нисан наречен „Хјуман драјв“ прими средства од британската Влада, откако доби дозвола за вакви возења оттаму.


Вести

Комисијата во МВР разгледала 77 барања од граѓани за издавање пасоши

Комисијата во МВР која со решение на министерот за внатрешни работи Наќе Чулев беше формирана поради ограничениот број обрасци на патни исправи, на вчерашниот прв состанок разгледала вкупно 77 барања од граѓани, за кои по […]

Вести

Запленетиот кокаин во Крушопек, дел од голема количина со крајна дестинација во земјава, засега приведени четири лица

– Еден килограм запленет кокаин, кој бил дел од многу голема количина дрога, чија крајна дестинација била нашата земја, приведени четири лица, отворање на финансиска истрага за правното лице во чии простории е пронајдена дрогата, […]

Вести

Запленетиот кокаин во Крушопек, дел од 1,3 тони по потекло од Колумбија наменет за Копер, Словенија

– За полициската акција што синоќа се одвиваше во село Крушопек, во скопски Сарај, при што беше запленет еден килограм од вкупно 1,3 тони кокаин контролирана пратка, во магацин за овошје – банани, се очекуваат деталните […]